Ставете ги сите состојки, освен корнфлексот, во процесор за храна или блендер и пулсирајте додека сите состојки да се соединат и да формираат хомогена смеса.
Со лажица земате од смесата и формирате крокети.
Ги валкате крокетите во издробениот корнфлекс и ги редите на хартија за печење што потоа ја ставате во air-fryer (можете да ги правите и во рерна, доколку немате air-fryer).
Печете 10 минути од едната страна, ги вадите, превртувате и печете уште 10 минути од другата страна.
Откако убаво ќе заруменат ги вадите и ги послужувате со хумус, песто од авокадо, салата или додаток по ваш избор.