¼шољамлеко од сојасе додава постепено, за да се направи пирето. Доколку треба, може да додадете уште малку
Instructions
Во поголемо тенџере на оган ставете ги компирите да се варат.
Модрите патлиџани исецкајте ги на тенки кришки.
Наредете ги на грил тава (или на обично тавче) и печете ги на тивко, неколку минути за да омекнат со капка маслиново (внимавајте да не ви загорат).
Омекнатите модри патлиџани наредете ги на дното на длабоко огноотпорно тавче за печење, за да добиете убава база од модри патлиџани.
Во подлабока тава на оган ставете маслиново, исецкан кромид, лук и исецкан морков и гответе на тивко за да омекнат.
Додадете ги печурките и тофуто (или друго полнење по желба) и убаво промешајте.
Потоа, додадете го сенфот, па доматното пире, доматниот сос и зачините и убаво промешајте.
Оставете да се готви додека сосот убаво да се згусне и соедини.
Откако убаво ќе се згусне сосот, ставете го врз модрите патлиџани.
Сварените компири убаво исцедете ги, ставете го маслиновото и изгмечете ги за да добиете пире.
Додадете го млекото за да добиете кремаста текстура и убаво промешајте.
Пирето ставете го како трет слој, врз сосот и убаво измазнете.
Тенко исецкајте еден обичен патлиџан и наредете врз пирето.
Тавата покријте ја со фолија и печете во претходно загреана рерна на 180, 20 минути покриена, потоа извадете ја фолијата и печете уште 20тина минути додека да се формира коричка.