Ставете ги сите состојки освен чоколадото и путерот од кикирики во подлабок сад и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Натапкајте ⅔ од смесата во силиконски калап, или обичен калап но обложен со хартија за печење или растеглива фолија (да ви биде полесно да го извадите).
Чоколадото растопете го со 1 лачичка кокосово масло и кога ќе се растопи, додадете го путерот од кикирики. Убаво промешајте за да добиете една смеса.
Истурете ја чоколадната смеса врз базата и убаво размачкајте.
Врз чоколадото наронете од остатокот од смесата за да направите крамбл.