1шољаУрми, без семканакиснати во врела вода 15 минути и убаво исцедени
1с.л.Ванила Екстракт
1к.л.Цимет
1с.л.Чиа семе
Чизкејк крем (полнење)
2шољиИндиски ореви накиснати преку ноќ и убаво исцедени
¼шољаКокосово млеко од конзерва, само густиот, цврст дел
⅓шољаЈаворов сирупили друг засладувач (може и помалку)
2с.л.Сок од лимон
¼шољаМалини свежи или смрзнати
Топинг (чиа џем)
2шољиМалини свежи или смрзнати
1с.л.Сок од лимон
2с.л.Вода
2с.л.Чиа семе
1с.л.Јаворов сирупили засладувач по желба, опционално
1с.л.густин опционално
Instructions
База
Ставете ги сите состојки за базата во процесор за храна и блендајте додека да добиете леплива смеса.
Ставете ја смесата во тавчето во коешто ќе ја правите тортата (добро е да ставите хартија за печење, за полесно вадење) и убаво натапкајте ја за да се формира базата.
Ставете во замрзнувач за да се стегне додека го подготвувате кремот.
Чизкејк крем (полнење)
Во процесорот за храна ставете ги сите состојки за чизкејк кремот и блендајте додека да добиете кремаста сднолична смеса.
Малините можете да ги додадете откако ќе изблендате се, доколку сакате да имате цели парчиња, или пак да ги блендате заедно за да добиете розев филинг.
Додадете го чизкејк кремот врз базата и вратете во замрзнувач.
Топинг (џем од малина и чиа)
За да го направите џемот, потребно е да ги ставите малините во тенџерче на оган со средна јачина.
Штом почне да врие, изгмечете ги малините онолку колку што сакате (сосем изгмечени за конзистентен џем или пак делумно, доколку сакате парчиња малини).
Додадете го сокот од лимон и водата и мешајте.
Потоа, додадете го чиа семето и засладувачот (доколку користите) и мешајте додека смесата да се соедини. Јас додавам и лажица густин за да добијам уште по-гел структура, ова секако е опционално.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете комплетно да сеолади па истурете го врз чизкејкот.
Вратете во замрзнувач најмалку 3 часа или најдобро преку ноќ. Пред да ја сечете, извадате ја 30тина минути да се отпушти.