Излупете го и ситно изрендајте го цвеклото и полијте го со сокот од лимон.
Сомелете го сончогледот, да добиете брашно и во голем сад измешајте го заедно со брашното од хељда, ленот, солта и зачините.
Додадете го цвеклото. Во посебен сад измешајте го маслиновото и водата и постепено додавајте во смесата додека да добиете мазно нелепливо тесто.
Расукајте го тестото помеѓу две парчиња хартија за печење, исечете го во саканата форма и ставете го да се пече 15тина минути.
Проверувајте ги, бидејќи тие на краевите ќе се испечат побргу, па ќе можете да ги извадите и останатите да ги распределите. (Времето на печење зависи од секоја рерна).
Откако ќе се испечат, оставете ги да се оладат пред да ги пробате.