Во подлабок сад ставете го тофуто и убаво изгмечете го со вилушка.
Додадете го млекото и зачините и убаво промешајте.
Оставете малку да отстои за да се упие млекото и зачините.
На тавче загрејте го маслиновото и ставете го тофуто да се пржи.
Мешајте повремено да не загори, се додека не го испржите по вкус.
Можете да ставите семки од тиква да се тостираат заедно со тофуто, сусам, семки сончоглед. Можете исто така да пропржите прво малку печурки па да го додадете тофуто, или пак млад кромид, чери домати, пиперка... Буквално секоја опција е вкусна!