Ако користите цело семе, убаво сомелете го (јас лично го препорачувам ова, наспроти купување мелено ленено семе). 😍
Водата ставете ја во тенџерче на оган да зоврие и додајте ги зачините.
Откако ќе зоврие, додајте го лененото семе и мешајте со дрвена лажица додека не се формира топка.
Оставете го малку да се олади и потоа формирајте 8 мали топчиња и секое расукувајте го помеѓу две парчиња хартија за печење (јас ги притискав со рака додека да добијам тенок круг со големина што ми одговара).
Потоа на нелепливо тавче (не ви треба масло) печете по неколку минути од секоја страна. Полнењето го оставам на вас, но вклучете си домат и авокадо.