кујнска вага важно, за прецизно мерење на состојките
тавче за печење леб / силиконска модла
хартија за печење
Ingredients
Суви состојки
120гр.бадемово брашно (брашно, не мелени бадеми)можете да си го направите дома, со бланширање, лупење и мелење на бадеми
160гр.брашно од семки од тиквасомелете семки од тиква
60гр.кокосово брашнобрашно, не рендан кокос
70гр.псилиумтегавец
40гр.чиа семе
1к.л.прашок за печиво
1к.л.сол
Течни состојки
30мл.маслиново масло
5мл.јаболков оцетили сок од лимон
480мл.топла вода
Instructions
Загрејте ја рерната на 200°C. Обложете помало тавче за печење леб со хартија за печење и намастете ја картијата малку. (Доколку користите силиконска модла, овој чекор не е потребен.)
(❗️) Важно: Сите состојки мора да се МНОГУ прецизно измерени (тестирано) бидејќи брашната содржат многу растителни влакна и доколку количината е поинаква лебот ќе биде влажен.
Измешајте ги сите суви состојки. Потоа, додајте ги сите течни состојки.
(❗️) Важно: Водата мора да е топла - доколку не е, брашната нема да се активираат.
Прво мешајте со маталка а потоа замесете со рака додека не се формира леплива топка.
(❗️) Важно: доколку тестото ви се лепи за рацете, ви треба уште тегавец (постепено додавајте по 1 к.л. додека месите). Можете да ги наквасите или намастите рацете додека месите за да не ви се лепи тестото за рацете.
(❗️) Важно: Оставете го тестото да одмори 10тина минути, за да можат тестата убаво да се врзат.
Ставете го тестото во калапот и формирајте го така како што сакате да излезе од печење, бидејќи нема да се крене. Не го натапкувајте многу бидејќи ќе биде многу густо.
Додадете семки од тиква, сончоглед и лен (или други семки по желба) на површината на лепчето и многу нежно натапкајте ги за да се залепат.
Времето на печење е околу 50 минути, зависно од фурната.
(❗️) Важно: Печете 30 минути, па покријте го лепчето со фолија за да не изгори од горе а убаво да се испече во внатрешноста.
По 50 минути печење, искористете го методот на чепкалка и доколку излезе влажна, печење уште 10тина минути, но не повќе од 70 минути вкупно.
(❗️) Важно: проверувајте го на секои 5 минути откако ќе поминат иницијалните 50 минути печење, за да не изгори.
Оставете го убаво да се излади пред да го пресечете.