Во подлабок сад измешајте ги семките, кокосот и кајсиите.
Во друг сад измешајте го путерот, маслото и јаворовиот сируп за убаво да се соединат.
Додадете го сирупот во садот со сувите состојки и убаво промешајте за се убаво да се соедини (и залеппи).
Обложете тавче за печење со хартија за печење и истурете ја смесата, убаво израмнувајќи ја.
Печете 7 минути во претходно загреана рерна на 160, па промешајте за да ја завртите од другата страна и печете уште 5-7 минути (надгледувајте за да не ви загори).
Оставете комплетно да се олади пред да ја ставите во сад за чување.
Служете со јогурт, млеко, смути или како додаток по желба.