3с.л.Веганска павлакарецептот е во постот (1 шоља индиски ореви, 1 шоља вода, 1 месечинка лук)
малку свеж копар
Гиро
2гиро пити
100грМикс зелена салата
5малиЧери домати
2к.л.Балзамико
Instructions
Тофуто исечкајте го на тенки ленти - најдобро со лупач за овошје/зеленчук.
Состојките за маринадата убаво промешајте ги заедно додека да добиете еднолична смеса.
Наредете го тофуто на тавче за печење, обложено со хартија за печење, во еден слој и со четка нанесете тенок слој од маринадата од едната страна, па внимателно превртете и намачкајте од другата страна.
Печете го 12тина минути во претходно загреана рерна на 160.
Во меѓувреме, направете го ѕаѕикито така што ќе изрендате краставица и ќе додадете од мојата павлака. Моја препорака е павлаката да си ја направите претходно и да ја чувате во фрижидер, бидејќи така ќе се згусне.
Доматите исецкајте ги и полијте ги со балзамико за малку да се маринираат.
Откако тофуто ќе се испече, намачкајте една гиро пита со ѕаѕики, па ставете салата, па тофу и на крај домати и преклопете.