Ова се едни од оние супер лесни и супер здрави мафини со путер од кикирики и банана. Јас секогаш им додавам боровница, затоа што сум оргомен љубител на мафини со боровница. За жал, познатите “blueberry muffins” во Старбакс не се вегански. Инаку, иако се прават со путер од кикирики, сепак путерот не се чувствува, така што можат да ги јадат и нејадачи на путер од кикирики (знам дека има и такви).
Подготовката на овие здрави мафини со путер од кикирики и банана е навистина прелесна. Мојата единствена препорака е да имате силиконски модли за мафини (иако, и хартиени вршат работа) и тавче за мафини.
Составот им е супер, и уште кога прв пат ги објавив на мојот инстаграм профил, знаев дека ќе ги правам често. Еден мафин има 116 калории и ако го комбинирате со уште малку боровници или јагоди имате навистина супер појадок или ужина. А, супер одат и со кафе и чај, потврдено!
За мојот омилен путер од кикирики, нема потреба да зборувам, нема подобар и точка! А затоа што со Crux.mk соработуваме на повеќе фронтови, доколку го искористите мојот код „МММ10“ ќе добиете 10% попуст при купување на вашето следно путерче од кикирики. 🥜🥜🥜
Доколку се уште ги немаш направено овие здрави мафини со путер од кикирики и банана, еве ти прилика. Те охрабрувам, бидејќи се превкусни и прелесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🧁Здрави мафини со путер од кикирики и банана 🧁
Состојки
- 3 зрели Банани, згмечени
- ½ шоља Путер од кикирики
- 2 Ленени „јајца“ 2 супени лажици мелено ленено семе накиснати во 5 супени лажици вода
- 2 к.л. Ванила екстракт
- 1 ¼ шољи Овесно брашно сомелени овесни снегулки
- 1 к.л. Прашок за печиво
- ½ к.л. Цимет Опционално, но препорачливо
- ½ шоља Боровници (или овошје/јатки/чоколадни капки по желба) Опционално, но препорачливо
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 170 и подгответе си го тавчето за мафини.
- Во сад, измешајте ги бананата, путерот од кикирики, лененото јајце и ванилата додека да се соединат.
- Додадете го овесното брашно, прашокот за пециво и циметот и мешајте додека да добиете еднолична смеса (можете да додадете свежи или замрзнати боровинки, јатки или чоколадни парчиња во смесата).
- Со лажица, наполнете корпи за мафини отприлика 80%
- Печете 20-30 минути на 170, но погледнувајте ги од време на време (секоја рерна е различна.
Вкупно парчиња: 13
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 231,8 kcal
Протеини: 9гр.
Јаглехидрати: 28 гр.
Масти: 13,35 гр.
Влакна: 4,4 гр.
Антиоксиданси, магнезиум, калиум, железо
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка ***** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте ги да не ви загорат.
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .