1 ½шољаЗелена/ Кафеава леќанакиснета во вода преку ноќ
1 ½шољаВода
1шољаБрашно од наут
1шољаБрашно од овес
3с.л.Тегавец (Псилиум Хаск)
1к.л.Сол
3с.л.Нутритивен квасец
1к.л.Сода бикарбона
1 ½с.л.Јаболков оцетили сок од лимон
3с.л.Семе Конопможе да се изостави
4с.л.Сончоглед семкиплус уште малку за од горе
4с.л.Семки тикваплус уште малку за од горе
Instructions
Накиснете ја леќата преку ноќ во вода. Следниот ден, процедете ја и убаво исплакнете ја.
Изблендајте ја накиснетата леќа со 1 ½ шоља вода.
Додадете ги сите состојки освен семките и блендајте додека да добиете густо тесто.
Додадете ги семките и промешајте убаво.
Обложете калап за печење леб (или какво било подлабоко тавче) со хартија за печење и смесата истурете ја, убаво натапкувајќи и израмнувајќи ја по рабовите.
Наросете со остатокот од семките и покријте го со фолија или хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 170, 45 минути покриено, извадете ја фолијата што го покрива и печете уште 15/20 минути откриено. Времето на печење зависи од типот и јачината на рерната, проверувајте го од време на време.