🍞 Здраво лепче со помалку јаглехидрати 🍞

Ова здраво лепче го правам често, затоа што има мало количество на јаглехидрати и е нискокалорично. Рецептов го имам објавено веќе два пати на мојот инстаграм профил, но објавите се на англиски, па еве фина прилика да го објавам и на Македонски. Инаку, едно парче има само 2 грама јаглехидрати – за споредба, едно мало парче леб од кисело тесто (sourdough) има 19 грама, додека обичен бел леб има 10 грама јаглехидрати. Во однос на калории, едно парче од ова лепче содржи 117kcal, но, поважно е што содржи големо количество на протеин, диететски влакна и здрави масни киселини.
Комбинацијата на брашна е одлична: бадемово (брашно, не мелени бадеми), кокосово и брашно од семки од тиква.
Доколку внимавате на макронутритиентите и доколку засметувате колкава количина на јаглехидрати внесувате, тогаш ова здраво лепче е совршено за вас. Подготовката не е најлесна (чекорите се детално и прецизно објаснети во рецептот подолу) но вреди, затоа што е и многу вкусно и многу здраво.



Доколку се уште го немаш направено ова здраво лепче, те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусно и здраво. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍞 Здраво лепче со помалку јаглехидрати 🍞 Read More »
