🥞 Палачинки од Јапонски јаболки 🥞
Палачинки од јапонски јаболки, или уште еден рецепт што произлезе најслучајно на свет. Имено, кога ќе ти донесат „две мали гајбички“ јапонски јаболки, што всушност се фул големи гајби, ќе треба да бараш начини што побрзо и покреативно да ги искористиш. Бидејќи веќе имам лепче од јапонски јаболки и мафини од јапонски јаболки, прво на списокот беа овие палачинки.
Плус, секако сакав да му послужам јапонско јаболко на Каи, со надеж дека же му се допадна (мисија успешна, многу му се допадна) па така падна одлуката за овие палачинки.
Инаку, имам уште еден рецепт на ум (а можеби и повеќе, за да се дотрошат „малите гајбички“).
Но ајде уште малку за палачинкиве. Освен што се навистина многу вкусни, многу се меки и воздушести и совршени за бебе.




Како да ги направите овие палачинки со јапонски јаболки
Како и повеќето мои рецепти за палачинки, така и овие, се прават прелесно. јас прво ја извадив содржината од јаболките и ја изблендав со рачен блендер. А потоа ги измешав сите останати состојки заедно. Доколку користите рачен блендер, ги правите во еден сад, што значи нема миење садови и нема неред во кујна. А тоа многу, ама многу значи. Целиот рецепт е подолу во овој пост, а кај мене на инстаграм во reels има и кратко видевце. Секое споделување ми значи 😍



Инаку, зошто е добро да јадете јапонски јаболки може да прочитате во некој од моите претходно објавени постови. Сега само ќе ви кажам зошто да ги направите овие палачинки од јапонски јаболки – затоа што се превкусни! Каи изеде 2 цели + пире и ги бендиса двете варијанти.
Доколку си љубител на палачинки и сакаш да пробуваш нови варијанти и вкусови, тогаш направи си ги моите палачинки од јапонски јаболки. Те охрабрувам, бидејќи се многу вкусни, меки и воздушести. Плус, се прават многу лесно и брзо. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🥞 Палачинки од Јапонски јаболки 🥞 Read More »
















