🥞 Тројно чоколадни палачинки 🥞
Љубители на интензивен чоколаден вкус – имам нешто за вас!
Се чини дека од палачинки никогаш доста па еве еден нов, брз и три пати почоколаден (секако здрав и без додаден шеќер) рецепт за американски палачинки. Не е изненадување дека овие тројно чоколадни палачинки излегоа превкусни и пречоколадни, нели?! Плус, чоколадниот сос во комбинација со путерот од кикиритки на crux.mk е СОН 😍



Тоа што се чоколадни, не значи дека не можете да ги јадете за појадок, но супер функционираат како ужинка или десерт. Имаат само 5 состојки и се прават за 5 минути (без печењето). Меки се и воздушести, а поради тоа што имаат многу какао се и супер здрави.
Овие тројно чоколадни палачинки ги вбројувам во категоријата на рецепти коишто се едни од најправените до сега објавени мои рецепти на мојот инстаграм профил.
Одлично одат со путер од кикирики, свежо или замрзнато овошје, но и само така, без никаков додаток, како ужинка.

(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие тројно чоколадни палачинки, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🥞 Тројно чоколадни палачинки 🥞 Read More »
