Marija Marija Marija

чиа

🍕 Протеинска пица од Наут и Чиа 🍕

пица од наут и чиа - Хедер
пица од Наут и Чиа

Од експерименти го издвојувам овој, зачудувачки вкусен и полн со протеини, диететски влакна, витамини и минерали – пица со брашно од наут и чиа семе. Јас направив две со различни топинзи и двете беа супер. Основите потребни состојки се вкупно 8, плус можете да си додадете зачини по желба.

Нема некој што не сака пица

И тоа е реалноста. Пица е едно прекрасно италијанско јадење и не велам дека не теба да ја јадеме, но, добро е од време на време да се замени класичното тесто со ова, или со некое од моите алтернативни растителни пици. На овој начин, освен што ќе внесете многу подобри и похранливи материи, ќе ја намалите количината на „празни калории“ и масти.

Богата со протеини

И здрава, и вкусна

За наутот веќе знаеме дека е еден од најдобрите извори на растителен протеин. Може да се консумира во многу форми и на различни начини и ова е еден од нив – како брашно во оваа пица од наут и чиа. За да го зголемите нивото на протеини, додадете тофу или сејтан, плус маслинки или авокадо за масти и доматен сос и зеленчук за јаглехидрати и влакна. Ете тоа е балансирана пица.

Јаглехидратите се добри за вас, но уштеподобро е кога оброкот преовладува со сите макронутриенти. Балансот ја игра клучната улога во се што правите, па така и во исхраната. Ибидете се да јадете балансирано, и верувајте тоа ќе ги даде најдобрите резултати. А, со самото тоа што сте тука и го читате текстов, сте еден чекор поблиску да ја пробате оваа пица или некоја од другите што ги имам објавено.

Доколку си љубител на пица, но сакаш да пробаш уште некоја поздрава опција, те охрабрувам да ја направиш мојата пица од наут и чиа уште денес. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍕 Протеинска пица од Наут и Чиа 🍕 Read More »

🍧 Чиа пудинг 🍧

чиа пудинг - Хедер

Чиа пудинг, или најпопуларниот појадок последниве неколку години. Океј, со причина е популарен и драго ми е што се консумира, НО, добро е да ги научите сите аспекти од консумирањето на огромна порција чиа пудинг.

Трудете се да го подготвувате дома

Свесна сум дека е полесно да си купите готов пудинг, но и не е баш. Подготовката на пудингот одзема буквално две минути, направете си го пред да си легнете. Ем ќе ја исконтролирате количината и калориите што ќе ги внесете, ем ќе си го спакувате во тгличка и нема да треба да потрошите уште еден пластичен сад. Исто така, ем ќе си го подесите вкусот БАШ онака како што сакате, ем ќе ве чини значително помалку.

Немањето време не е опција за иговор кога станува збор за подготовка на чиа пудинг. Затоа, или смислете нов изговор или станете да си направите.

чиа пудинг

Дел од придобивките од Чиа пудинг

Заедно со семето од лен, чиа семето е едно од 6-те најздрави семиња што можете да ги исконсумирате. Содржи кверцетин, антиоксиданс што може да го намали ризикот од развој на повеќе здравствени состојби, вклучително и срцеви заболувања. Чиата исто така е богата со влакна, коишто можат да помогнат да се намали високиот крвен притисок, што повторно придонесува за намалување на ризикот од срцеви заболувања.

чиа пудинг

Сите вкусови на Чиа пудинг

Чиа пудингот сам по себе нема никаков вкус. Семките натопени во течност се згуснуваат и добиваат структура на гел. Па така, вкусот на самиот пудинг ќе зависи од начинот на подготовка. Во голема мера од млекото, како и со додатоците што ќе ги ставите.

Во секој случај, начинот на подготовка е секогаш ист, само треба да бидете креативни со вкусовите (притоа да не претерате, бидејќи нели, баланс) и секој пат ќе имате различен чиа пудинг.

Сè е во топинзите

Јас секогаш користам свежо или смрзнато овошје (најчесто малини, боровници, капини, рибизли, јагоди, цреши). Пред се, бидејќи се ситни и лесни за додавање (не мора да ги сецкате). Исто така, речиси секој пат додавам по 1 лажица путер од јатки или семки. Велам една лажица (не како во купечките) бидејќи путерите иако се добри за вас, сепак имаат многу калории и масти. Исто така, зависно од пудингот, додавам гранола или пак јатки или семки или пак кокосов чипс.

Сепак, трудете се додатоците да не се премногу, бидејќи додаваат во калорискиот збир на крај. На кој вкус и да се решите, ве уверувам дека вашиот чиа пудинг ќе биде превкусен. Доколку ги следите моите упатства, ќе знаете колку калории сте внеле (секако, количините можете да ги модификувате доколку ви се потребни повеќе или помалку калории). И за мене доста важно, нема да мора да потрошите уште еден пластичен сад од купечки чиа пудинг – sorry guys, but less plastic is important!

Доколку се уште купуваш чиа пудинг место да си правиш дома, време е да ја смениш таа навика! Те охрабрувам, бидејќи се се прави многу лесно и дома подготвениот чиа пудинг нема премногу калории како купечките. Доколку си направиш некој од моите предлог-вкусови, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍧 Чиа пудинг 🍧 Read More »

🍪 Какао колачиња со бадеми и чиа 🍪

колачиња од бадем и чиа - Хедер

Овие колачиња со бадеми и чиа ги направив по грешка и испаднаа најдобрите бисквит колачиња – здрави и многу вкусни до толку што ги правев три пати по ред (и не ми делува дека ќе престанам!🙄)

Ова веќе го објаснив кога прв пат ги објавив на мојот инстаграм профил. А како ги направив по грешка? Кога ги подготвував состојките за куглофот со афион и лимон, во мелените бадеми наместо афион сум ставила чиа (заклучок: не се готви во темница). Епа следното сабајле кога видов, решив да импровизирам со што најдов и… Аплауз и Овации! 🎉 Сериозно, мнооооооогу се вкусни и со супер состојки!

Крцкави и меки

Самото име ви кажува за состојките и мислам дека овој пат нема потреба да пишувам колку се добри и важни за вашето здравје (многу!). Така што, мислам дека може да се задржиме на текстурата и на вкусот на овие колачиња со бадеми и чиа…

Сакам да кажам дека се нешто помеѓу бисквит и колаче. Крцкави се и меки, и мислам дека веќе ви најбројав доволно причини за да ги пробате. Одлично одат со кафе и чај. Како ужина или десерт – одлични во секоја комбинација.

колачиња со бадеми и чиа

Јас ги комбинирав со фростингот од индиски ореви што го искористив и за куглофот со лимон и афион и баш беа вкусни. Плус, со самиот факт што се прават брзо и лесно, дефинитивно сте без оправдувања сошто да не ги направите наместо да изедете некое купечко благо. Не заборавајте на количината на преработен шеќер и конзерванси што овие производи ги имаат. Доколку десертот си го направите сами, знаете точно што и колку внесувате. А тоа е навистина многу важно!

Доколку се уште го немаш пробано моите здрави какао колачиња со бадеми и чиа, еве прилика! Те охрабрувам, бидејќи се превкусни и секако, здрави. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍪 Какао колачиња со бадеми и чиа 🍪 Read More »