Marija Marija Marija

хељда

🫓 Медитерански крекери 🫓

Медитерански кренери - Хедер
медитерански крекери

Моите медитерански крекери, се уште едни во низата здрави крекери, а штом ги пробате, веднаш ќе посакате да сте покрај море, бидејќи вкусот е навистина неодоливо летен. Сем што се многу вкусни, многу се и здрави и дефинитивно треба да ги пробате. Јас ги правев со брашно од хељда, но можете да ги направите и со овесно брашно.

Крекери за појадок, ужина, ручек

Овие медитерански крекери можете да ги јадете за појадок со тофу кајгана и свеж домат и краставица. Можете да ги грицкате за ужина, додека гледате филм или пак да ги послужите со вашата омилена салата. Во која форма и да решите да ги консумирате, нема да згрешите – навистина се супер и на вкус а и во составот. Имаат 3 од 7-те најздрави семиња што можете да ги консумирате, плус брашно од цели зрна хељда. А маслинките, каперсите и сушените чери домати во целост го надополнуваат вкусот.

Зошто баш овие медитерански крекери?

Од неколку причини: се прават во еден сад, брзо и едноставно. Богати се со протеини, минерали, витамини, омега 3 и незаситени масти. Крцкави се и имаат многу убав летен вкус. Како и да е, се многу подобра опција отколку да грицкате купечки, преработени крекери.

Затоа и најтопло ви препорачувам да ги пробате. Навистина се многу лесни за правење. Целиот рецепт и начинот на подготовка ви е напишан подолу, а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Доколку си љубител на крекери, а воедно сакаш да јадеш поздрава опција, ти ги препорачувам овие медитерански крекери. Имаат навистина преубав вкус, крцкави се и многу, многу поздрави код кои било купечки. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🫓 Медитерански крекери 🫓 Read More »

🫓 Крекери од цвекло и хељда 🫓

крекери од цвеклои хељда - Хедер
Крекери од цвекло и хељда

Околу новогодишните празници, направив еден куп варијации на крекери, па и овие крекери од цвекло и хељда беа едни од нив. Ем розеви, ем супер здрави, ем одличен начин да внесете добри нутритиенти и диететски влакна. Се прават брзо и лесно, и ви требаат вкупно 9 состојки ако ги користите истите зачини како и мене. Главните состојки, како што кажува и самиот наслов, се цвеклото и хељдата.

Плус, ленено семе за екстра омега 3 и семки од сончоглед за уште повеќе витамини, минерали и антиоксиданси.

Крекери од цвекло и хељда за ужина, грицкање па дури и појадок

Доколку имате потреба да грицкате, мојата препорака е да грицкате паметно и здраво. А овие крекери дури можете да ги јадете и за појадок со хумус и свеж зеленчук.

Совршени за љубителите на розова боја

Во 2020, кога почна ковид-карантинот, јас влегов во една розова фаза, под мотото „Quarantine pink food – nothing can bring me down“. Буквално сè пто правев беше розово, обидувајќи се тоа да биде еден вид на занимација што ќе ми ги тргне мислите од пандемијата и воедно ќе ги направи нашите оброци поинакви од вообичаено.

Тогаш правев розова паста, розови палачинки, розово суши, па дури и розов спанаќ (сосот беше со цвекло). Но, зачудувачки, овие крекери од цвекло и хељда, дојдоа на ред речиси 2 години подоцна. Сепак, доколку сакате да експериментирате со различна храна или пак доколку имате некој мал вљубеник во розевата боја – тогаш дефинитивно треба да му ги направите овие крекери.

Крекери од цвекло и хељда
Крекери од цвекло и хељда

Цвекло секогаш и во секаков облик

Јас имам некоја посебна љубов за оброци со цвекло. Освен што МНОГУ го сакам печено со зачини и маслиново, често си го правам хумусот со цвекло, пицата и секако, чорбата (доколку не сте ги пробале, морате). Плус, доколку вежбате, цвеклото помага во издржливоста и користењето на кислородот (win-win). Освен се што до сега имам кажано за цвеклото, еве уште неколку придобивки што можете да ги имате доколку редовно консумирате цвекло во вашата исхрана:

🧠 Може да го подобри здравјето на мозокот,
🫃🏻 Може да го подобри здравјето на дигестивниот систем,
🔥 Се бори со инфламацијата,
🩸 Го одржува нивото на крвниот притисок,
💦 Има малку масти и калории, но многу вода, што го балансира внесот на енергија,
💪🏻 Одличен извор на многу хранливи материи, вклучувајќи фолати, манган и бакар.

Доколку сакаш здрави грицки или ужинка, пробај ги моите крекери од цвекло и хељда. Лесно се прават, вкусни се и здрави, за грицкање со помалку грижа на совест. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🫓 Крекери од цвекло и хељда 🫓 Read More »

🥜 Гранола од Хељда 🥜

ubckwheat-granola-header

По интернетов има илјадници рецепти за домашна гранола – што е навистина супер! Гранола секогаш треба да имате дома, и секогаш правете си ја сами. Купечката гранола е процесирана и полна со шеќер а тоа не ви треба, особено кога се прави брзо и лесно. Ова е мојот рецепт за гранола од хељда. Инаку, ова е првиот рецепт за гранола, објавен поодамна на мојот инстаграм профил

Освен хељдата, останатите состојки можете да ги миксате како сакате – јас најчесто ставам што имам дома од семки и јатки и секој пат добивам многу вкусна, здрава и нутритивно богата гранола од хељда. Јас ја јадам со смути, чиа пудинг, пудинг од ленено семе или овесна каша, вегански јогурт или растително млеко и свежо овошје.

Зошто баш хељда? Хељдата е една од оние житарки којашто се смета за суперхрана. Не содржи глутен што ја прави супер погодна за сите со глутенска интолеранција. Одлчиен извор е на растителен протеин, диететски влакна и енергија. Може да ја подобри работата на срцето и да помогне во справувањето со дијабетот.

Доколку си еден од ретките што се уште ја нема пробано и направено мојата гранола од хељда, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е многу вкусна и лесна за правење. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥜 Гранола од Хељда 🥜 Read More »

🥞 Најлесните палачинки на светот 🥞

buckwheat-pancakes-header

Ова се дефинитивно најлесните палачинки на светот со само 2 состојки: вода и хељда. Останатото го додавате по вкус и желба. Мислам дека луѓето се делат на 2 типа: оние што сакаат американски палачинки и оние што сакаат француски палачинки (crêpes, тенки, како што ги правиме ние). Ова се такви, тенки само многу лесни и многу здрави!

најлесните палачинки на светот

Се прават со само 2 состојки.
Немаат глутен, немаат никаков шеќер, што значи можете да ги јадете и со солен фил.

Хељдата е инаку супер извор на растителен протеин, богата е со диететкси влакна, има многу низок гликемиски индекс – што значи дека јаглехидратите споро се абсорбираат во крвотокот и на вашето тело му овозможуваат стабилен енергетски тек (не создава нагли покачувања на нивото на шеќер во крвта) што ја прави погодна и за дијабетичари. 

Освен што се најлесните палачинки на светот, овие палачинки од хељда се доста популарни, и дефинитивно ги вбројувам во категоријата на рецепти коишто се едни од најправените до сега објавени мои рецепти на мојот инстаграм профил

најлесните палачинки на светот

🥞 Доколку се решите за солено полнење еве ви предлог: хумус, свеж чери домат, свежа краставица, маслинки, младо кромитче.
🥞 Доколку се решите за благо полнење еве ви предлог: направете смеса од домашен џем од чиа-јагоди и јогурт од бадеми, плус свежи јагоди. Прелијте со чоколаден сос, путер од кикирики crux.mk , јагоди, боровници и кокос. 

(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче. 

Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено најлесните палачинки на светот, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥞 Најлесните палачинки на светот 🥞 Read More »