🍜 Нудли од тиквичкца (Зудли) 🍜
Нудли од тиквичка или „Зудли“ (од zucchini noodles) се всушност поздравото братче на нудлите. 😂
Одлични се затоа што се прават многу брзо, имаат многу малку калории (само 17 на 100гр.), имаат малку јаглехидрати (3гр. на 100гр.), скоро и да немаат масти (0,3 гр. на 100 гр.) и содржат многу витамин Б6. Плус, се одличен начин да ги замените нудлите и да внесете повеќе зеленчук, и со тоа и диететски влакна 😍
Океј, знам дека ќе кажете „исто е ама не е исто“ и не викам дека овие нудли од тиквичка се исто како и пченични или оризови нудли, но се СУПЕР алртернатива. Јас често ги правам (на различни начини, дел набројани во следниот параграф) па во рецептот подолу ќе ја објаснам само основната постапка. Потоа, ваше е да ја разбудите креативноста и да го модификувате вкусот.

Инаку, тиквичките се преполни со многу важни витамини, минерали и антиоксиданси. Богати се со влакна, коишто играат важна улога во варењето помагаат при различни проблеми со гастроинтестиналниот тракт. Тиквичките содржат зеаксантин и неколку други соединенија кои играат улога во спречувањето на оксидативниот стрес и можат да го намалат ризикот од катаракта или други проблеми со очите.




Нудли од тиквичка на повеќе начини
Нудлите од тиквичка може да ги третирате како салата и да ги јадете свежи или пак минимално да ги зготвите. Јас најчесто ги правам на следниве начини:
🍅 Со пропржен млад кромид, печурки, домашно песто и чери патлиџани.
🧄 Пропржени со многу лукче, буковец, маслиново и крцкаво тофу.
🥬 Со сос од свеж спанаќ, лук, индиски ореви и нутритивен квасец.
🫑 Со сос од печена пиперка, печен патлиџан, печен кромид и авокадо.
🥜 Во сос од кикирики, со тофу, брокула и млад кромид.
🥦 Со пропржен зеленчук, маслинки и веганско сирење.
🍶 Со павлака од индиски ореви, печурки, сушени чери домати, каперси.
Како и да решите да ги направите, супер се. Буквално само изрендани и свежи во комбинација цо многу зеленчук. Или пак, малце пропржени со маслиново. Во вок или обично тавче, печени, буквално СЕКАКО!



Доколку се уште немаш пробано нудли од тиквичка (зудли), еве ти прилика. Те охрабрувам, бидејќи се лесни, вкусни, здрави и одлични за зравјето и фигурата. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍜 Нудли од тиквичкца (Зудли) 🍜 Read More »
