🥣 Гранола со Сусам и Суви кајсии 🥣

Епа long time no granola… па морав да проверам каков вкус немам пробано да направам и така излезе оваа грнола со сусам и суви кајсии! Вкусна и малку поразлична од сите други граноли што ги имам направено. Овој пат, повеќе се концентрирав на семки отколку на јатки и дефинитивно не погрешив, го добив точно тој вкус што го сакав! Дали дека одамна немам направено гранола или оваа гранола со сусам и суви кајсии баш ми се погоди, ќе оставам на вас да ми кажете откако ќе ја пробате!
А секако, еве и потсетување на сите мои гранола вкусови:



А сега прашањето: како до оваа гранола со сусам и суви кајсии?
Некако периодов сум навлечена на печен сусам (ок, не е само периодов) ама после крцкавите сусам плочки, решив дека треба да направам и гранола. Па размислувајќи како и со што да ја искомбинирам, излезе оваа комбинација и мислам дека е супер! Ем е здрава, ем вкусна, ем лесна!
Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка, го имате подолу во овој пост, а имате и кратко видео од подготовката кај мене на инстаграм во reels



А бидејќи помина извесно време откако ја направив, во меѓувреме отидов и на одмор и си понесов за таму, штом се вратам дома имам на ум уште еден нов вкус за гранола, така што… stay tuned!
Доколку си љубител на гранола, еве уште еден рецепт! Затоа што многу е важно си правиш гранола дома - бидејќи ти дозволува целосна контрола врз квалитетот и количината на состојките. Избегнуваш процесирани шеќери, конзерванси и вештачки ароми. И најважно, можеш да ја прилагодиш според твоите вкусови. Направи си ја уште денес, бидејќи е крцкава и вкусна и навистина лесно се прави. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🥣 Гранола со Сусам и Суви кајсии 🥣 Read More »













