🍪 Протеински Колачиња во Air-Fryer 🍪
Брзи, лесни, вкусни и полни со протеини – такви се овие протеински колачиња. Плус се прават во Аir-Fryer и се готови за само 7 минути.
Убавината на овие колачиња (освен што се многу вкусни) е што се прават неверојатно лесно. Пожелно е да имате Аir-Fryer, но доколку немате, можете да ги печете и во рерна.
За протеински колачиња – мора протеин
Една од главните состојки на овие протеински колачиња е протеинот во прав. Јас користев чоколаден вегански протеин од грашок и тоа им даде уште повеќе шмек. Доколку немате, можете да ставите 2 лажици какао како замена, но протеинската вредност ќе биде драстично помала.


Крцкави од надвор, сочни и меки од внатре
Периодов ова е еден од моите омилени десерти од повеќе причини. Многу се вкусни, многу лесно се прават, состојките се едноставни и секогаш ги имам дома и се уште еден начин како да внесам повеќе протеин.
Плус, многу е убаво чувството кога ви се јаде благо и знаете дека тоа што го јадете освен што ќе ви ги задоволи потребите за благо, во исто време ќе задоволи и други потреби на организмот и убаво ќе го нахрани (нема да изедете празни калории и преработени шеќери).
Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во рецептот, а имате и видео од целата подготовка кај мене на инстаграм во reels



Десерт без додаден шеќер
Гледајте црното чоколадо што ќе го употребите да биде барем 80%. Ако најдете, употребете и 90% – тоа е навистина горко и нема никаков шеќер. А доколку сакате можете и комплетно да го изоставите. Доколку бананата е навистина зрела (темно кафена) тогаш ќе добиете совршена блажина со нота на карамел. Сепак, ве охрабрувам да не се плашите од црното чоколадо, затоа што е одличен антиоксиданс. И на крајот на денот, животот е поубав со чоколадо во него, нели?

Доколку сакаш брз и здрав десерт полн со протеини, еве прилика да ги направиш моите протеински колашиња што се прават во air-Fryer. се прават прелесно и се супер вкусни и без додаден шеќер. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍪 Протеински Колачиња во Air-Fryer 🍪 Read More »
