🥦 Протеинска пица од Брокула 🥦

Оваа протеинска пица од брокула е уште еден начин како да вметнете брокула во вашата секојдневна исхрана (особено, доколку дома имате пребирлив јадач што не е љубител на брокула). Едноставно, крстете ја ПИЦАТА НА ХАЛК и веднаш победувате!
За пицава велам протеинска, затоа што ја правев со брашно од наут и тофу. А за брокулата многу пати имам пишувано дека е кралица меѓу зеленчуците, и дека едноставно треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана. Што значи, пицава е win-win!
Сепак, познавам многу луѓе што воопшто не можат да јадат брокула (и јас бев меѓу нив до пред 10тина години). Но, кога ќе го пронајдете соодветниот начин на подготовка што ќе ви биде вкусен, држете се до него и јадете ја во таа форма.
Епа оваа протеинска пица од брокула мислам дека е добра форма…
Зошто протеинска пица од брокула
Затоа што по слаткиот компир, цвеклото, наутот, киноата и карфиолот, и дојде ред и на брокулата да ја трансформирам во вкусна и крцкава основа за пица. Плус, една од најзначајните продибивки на брокулата е нејзината содржина на хранливи материи. Богата е со огромен спектар на витамини, минерали, влакна и други биоактивни соединенија. Исто така, брокулата содржи повеќе моќни антиоксиданси коишто можат да го поддржат здравјето на клетките и ткивата во вашето тело. Јадењето брокула може да го намали шеќерот во крвта и да ја подобри контролата на дијабетесот. Најзаслужни за ова се антиоксидансите и диететските влакна што брокулата ги содржи.


Како да ја направите мојата протеинска пица од брокула
Со само 5 состојки, 10 минути за подготовка и 25 минути за печење, оваа пица од брокула е готова брзо и лесно! Брашното од наут и тофуто се извор на протеин, а не заборавајте да додадете и здрави мсти како што е на пример авокадото или маслинки. И така, за само 35 минути ќе имате супер здрав и супер забавен оброк.
И мислам дека не ви треба повеќе убедување. Имајте предвид дека е толку лесна што ја правев буквално ден пред да заминам на породување и официјално ова е мојот последен рецепт правен со меше. Целиот рецепт и начинот на подготовка е подолу а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Сакаш пица а не сакаш брокула? Сакаш пица и сакаш брокула? Во двата случаи ова е рецептот за тебе. Те охрабрувам да ја направиш мојата пица од брокула уште денес, бидејќи е многу здрава и секако, многу вкусна. А, доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🥦 Протеинска пица од Брокула 🥦 Read More »



































