🫓 Крекери од Наут 🫓
Овие брзи, лесни и пред се, здрави крекери од наут се твојата следна „грицка“. Направи си ги за ужинка или послужи ги гостите на следната седенка. Одлично одат со хумус или некаков друг намаз но супер се и како додаток со салата. Плус, богати се со растителни протеини, што ниедна купечка грицка не ви го обезбедува, нели? А денес, се се врти околу протеините. Шала на страна, овие крекери од наут се прават навистина многу едноставно и можете да си ги зачините по вкус и да бидете сигурни дека ќе грицкате нешто здраво и нутритивно.


Зошто крекери со наут?
Наутот (заедно со лежата) отсекогаш ми бил еден од омилените „скриени херои“ во кујната. Богат со протеини, растителни влакна, минерали и витамини, тој додава не само нутритивна вредност, туку и прекрасна текстура и вкус. Во овие крекери, наутот е вистинска ѕвезда, им дава суптилна оревеста нота и крцкава текстура.
Инау, идејата за овие крекери од наут се роди еден попладне кога сакав нешто лесно, но сѐ пак посебно за грицкање. Бидејќи избегнувам глутен и брашно, сакав да направам нешто без глутен, со поразличен профил на хранливи материи. Така стигнав до наутот.
Од првиот обид успешни! Едноставни за правење, со само неколку состојки и готови за само петнаесет минути. И што е најважно, сите дома ги одобрија. Дури и најмалите прстиња бараа уште „клекели“!
За целиот рецепт и начинот на подготовка скролнете надолу во овој пост, а секако, кај мене на инстаграм во reels имате и кратко видео од подготовката.

Овие крекери од наут се потсетник дека убавината често лежи во едноставноста. Со неколку состојки и малку љубов, можеш да создадеш нешто што ќе ги зближи сите околу масата. А таму, меѓу тивкиот разговор и звукот на крцкањето, се раѓаат најубавите сеќавања. И тоа е тоа, немам што повеќе да кажам, освен да си ги направиш и да уживаш без грижа на совест!


Доколку и ти како мене сакаш крцкави крекери, тогаш дефинитивно мораш да ги пробаш крекери од наут. Те охрабрувам, бидејќи се многу вкусни и се прават навистина брзо и лесно. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🫓 Крекери од Наут 🫓 Read More »




















































