🥣 Пудинг од Ленено семе 🥣
Чиа пудингот е популарен избор за појадок веќе неколку години, што е навистина супер. Го има да се купи како подготвен оброк скоро секаде со најразлични додатоци – свежо и смрзнато овошје, протеини, путери од јатки, чоколадни кремови… А лесно може да си го направите и дома. Но, доколку ја јадете често, и веќе ви е здосадена, еве една алтернатива – подеднакво брза и едноставна за правење и подеднакво здрава! Пудинг од ленено семе!

Ленено vs. Чиа семе
И чиата и ленот се подеднакво нутритивно богати и двете семиња имаат големи здравствени бенефити (на пример поздраво срце, пониско ниво на шеќер во крвта итн.) Разликата е, секако, во типот (видот) и потеклото. Чиата потекнува од Мексико и Гватемала и била основа на исхраната на Маите и Ацтеките, додека лененото семе потекнува од Блискиот Исток. На вкус исто така се разликуваат – чиата нема некој посебен вкус, додека кај лененото семе има некоја јаткаста нота. И секако, разликата во нутритивната вредност. Додека и двете семиња содржат солидна количина на протеин и омега-3 масни киселини, сепак ленот содржи малку повеќе омега-3 и повеќе калиум. Чиата пак, има помалку калории и калциум и малку повеќе железо и фосфор.
Во секој случај, и двете семиња се многу здрави и помагаат за одржување на здраво срце, силни коски, добро варење на храната и одржување на шеќерот во крвта.
Лененото семе содржи повеќе растворливи влакна од Чиата, па поради тоа може да има поголема ефикасност во намалување на гладот и апетитот и се смета дека е поефикасен во борбата со одредени ракови.


Овој пудинг од ленено семе е супер опција за вашиот следен појадок, во комбинација со свежо или смрзнато овошје, путер од јатки или гранола.
Доколку се уште го немаш направено овој пудинг од ленено семе, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусен и лесен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
🥣 Пудинг од Ленено семе 🥣 Read More »




