🍪 Брзи колачиња со 2 состојки 🍪

Овие брзи колачиња со 2 состојки се веројатно едни од најубавите колачиња што ќе ги пробате. Имаат само 2 состојки (и уште две за неверојатна арома) се прават во еден сад (блендер), природно се засладени и буквално ги задоволуваат сите услови за епитетот НАЈ. A да, дефинитивно се и едни од најбрзите! Се прават за 15 минути, а се јадат уште побрзо…
Како за 15 минути?
- Киснење на урми: 5 мин
- Правење смеса: 1 мин
- Формирање колачиња: 1 мин
- Печење: 8 мин
And just like that… имате брз, едноставен и многу вкусен (а и многу поздрав) десерт.
Целиот рецепт (не дека е којзнае колав) е подолу во оваа објава, а имате и видео од подготовката кај мене на инстаграм во reels
Зошто да ги направиш овие брзи колачиња со 2 состојки?
Хахаха.. Какво е ова прашање! Превкусни се! Ама пре-препревкусни! Плус се многу поздрави од кое било друго колаче што ќе го купите. И се прават ултра брзо. Е ама имаат една маана. Толку се вкусни што се јадат многу брзо 🙂






Многумина веќе ги пробаа, но доколку си еден од оние што се уште ги нема направено овие љубовни колачиња со таан, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
🍪 Брзи колачиња со 2 состојки 🍪 Read More »








































