🍪 Колачиња со Леќа 🍪
Овие чоколадни колачиња со леќа се еден од оние „ај да пробам“ рецепти што излегуваат неверојатно вкусни! По структура се како познатите chocolate-chip cookies, само полни со протеини, диететски влакна, витамини и минерали. И нормално, природно засладени! Во едно колаче има 7,8 грама растителен протеин и 234 калории што ги прави супер ужинка!


Не ви велам дека се најдобрите колачиња на светот, ама ви велам дека треба да ги пробате и да заклучите дека се едни од најдобрите колачиња на светот!
Ем колаче, ем здраво: магијата на леќата!
Вообичаено, кога мислиме на колаче (или каков било десерт), обично замислуваме нешто слатко, но ретко замислуваме нешто здраво. Пријзнај!
А сега ако ти кажам дека колачињата можат да бидат и вкусни, да те заблажат, но и да бидат корисни за твоето здравје? Епа такви се моите колачиња со леќа – неочекувана комбинација, но совршен баланс на вкус и хранливост.

Зошто баш овие колачиња со леќа?
Леќата e позната по своите бројни здравствени придобивки, и според мене, е вистински суперхерој во светот на храната. Иако многумина ја потценуваат, или не ја консумираат, леќата е полна со растителни протеини, растителни влакна и минерали кои му даваат енергија и сила на твоето тело. Но, што ја прави уникатна и уште поинтересна е тоа што лесно може да биде манџа, вафли, лепче, или пак сочни, меки и неодоливи колачиња.

Со секое залче, ќе почувствуваш вистинско слатко задоволство. Е сега, можеби нема да почувствуваш, ама ќе знаеш колку природните состојки (во случајов леќата) можат да бидат здрави но и неверојатно вкусни. Овие колачиња со леќа, не само што ќе ја задоволи твојата потреба од благо, туку и ќе ти дадат причина повеќе да уживаш без грижа на совест.
Совршени се за со утринско кафе или чај, за ужинка во текот на денот, а супер се и за да ги изненадиш пријателите за време на празниците!
И мислам дека многу ги испофалив, така што ако немате леќа, набавете под итно. Целиот рецепт го имате подолу во овој пост а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.



Доколку си љубител на колачиња, но сакаш да се храниш поздраво, овој рецепт е за тебе! Моите колачиња со леќа се многу вкусен, брз, лесен и мноооогу здрав рецепт, во којшто верувај ми, ќе се заљубив на прво залче. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍪 Колачиња со Леќа 🍪 Read More »









































































