🎃 Тиква Карамели 🎃

Овие тиква карамели се втор рецепт за карамели, но прв со тиква. И одлични се! Вистинско есенско десертче! Имаат само 7 состојки и се прават многу лесно и едноставно, буквално во еден сад. По желба можете да си ги прелиете со црно чоколадо (најчесто сите ја имаат таа желба), но и не мора. Во секоја варијанта се вкусни,
А освен што се вкусни се и супер здрави, природно засладени со урми и со многу диететски влакна што же го забрзаат варењето.
Плус, мислам дека единствено печено јаболко со цимет е повеќе есен од печена тиква, нели?
Инаку, овој пат, мојот карамел од урми го правев со кокосово млеко наместо со вода и доби супер шмек. Секако, доколку не сте љубител на кокос, можете да си го направите класично, со вода. Јас често си правам поголема количина и си го чувам во тегличка во фрижидер па го употребувам во различни комбинации.



И тоа е тоа, деталниот рецепт за моите тиква карамели го имате малку подоле, а кај мене на инстаграм во reels имате и едно кратко видевце. Ќе ми значи доколку го лајкнете, споделите или зачувате.



Доколку си љубител на тиква, тогаш мислам дека мора да ги пробаш овие тиква карамели. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и се прават многу лесно. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🎃 Тиква Карамели 🎃 Read More »
