🫐 Колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо 🫐

Можеби името на ова колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо му е предолго, ама и вкусот му е предобар! Ова колаче освен што е многу меко, воздушесто и вкусно, оди супер со кафе или чај и е баш здраво. Содржи протеини, многу влакна, антиоксиданси, железо и магнезиум и има низок гликемиски индекс, што го прави погодно за одржување на ниско ниво на шеќер во крвта. Уште една предност е што е безглутенско, не е многу благо, а боровницата многу освежува.
Кога го објавив прв пат на мојот инстаграм профил, не ни очекував дека ќе стане популарно, бидејќи најчесто рецептите што ми се мене омилени, не се меѓу најпопуларните – но ова колаче го разби тој малер.
Инаку, киноата се консумирала уште од страна на древните Инки, коишто ја сметале за света храна. Има повеќе видови на киноа, мешу кои бела, црна и црвена. Ова колаче го правев со бела киноа.
Ова колаче од киноа и овес можете да го јадете со јогурт и свежо овошје, со растопено црно чоколадо, со путер од јатки и секако, без ништо. Може да стои неколку денови, доколку го чувате го во фрижидер, во сад со капак.



Доколку се уште го немаш направено ова колаче од киноа и овес, те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусно и здраво. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
🫐 Колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо 🫐Прочитај повеќе »
🫐 Колаче од киноа и овес со боровница и црно чоколадо 🫐 Read More »















































