🍰 Чоколадна торта со леќа: Здрава, сочна и полна со протеини 🍰
Оваа чоколадна торта со леќа е одговор на сите загрижени „чокољупци“ :)) Но, ако сме искрени, сите сакаме чоколадна торта, нели? Особено ако е сочна, со богат чоколаден и сладок вкус. Но, често пати токму таква торта знае да ни предизвика вина или грижа на совест…
Иако веќе имам две други чоколадни торти, (една со киноа, и една роденденска), оваа чоколадна торта со леќа е уште еден начин да уживаш во омилениот десерт без чувство на вина, и тоа со токму таа неочекувана, но неверојатно вкусна и здрава состојка… леќа! Оваа чоколадна торта со леќа е здрава, сочна и богата со протеини, а никој нема да ја забележи „тајната“ состојка.
Епа кога една торта е здрава, тогаш дефинитивно треба да се проба, нели? Не се двоуми, свари си црвена леќа и направи си го ова чоколадно задоволство уште денес.
П.С. мајка ми не јаде леќа (знам, чудно) но оваа торта и беше превкусна и воопшто не ја почувстува леќата!


Зошто леќа?
Леќата е мал, но навистина моќен извор на растителни протеини и влакна. Таа не само што додава хранливост, туку и помага тортата да биде неверојатно сочна и мека, без потреба од големи количини масло или пак јајца. Покрај тоа, леќата е природно безглутенска и е одлична за оние кои сакаат да го намалат внесот на јаглехидрати или да вклучат повеќе растителни влакна во исхраната.
Ова значи дека твојата омилена чоколадна торта сега може да биде и здрав избор, без да го загуби оној класичен, богат чоколаден вкус што сите го сакаме.
Со леќа имам мнооогу рецепти, и еве да те потсетам неколку многу вкусни идеи што можеш да си направиш (ова е секако само дел, слободно пребарај на сајтот)
Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го има во рецептот подолу, а едно кратко видео има и кај мене во reels на инастаграм.
Зошто мора да ја пробаш оваа чоколадна торта со леќа?


Оваа чоколадна торта не е само вкусна – таа е полн пакет здравје:
- Растителни протеин: Леќата обезбедува протеини кои помагаат во одржување на мускулната маса и чувство на ситост.
- Диететски Влакна: Помагаат во варење, регулираат шеќер во крвта и ја одржуваат ситоста подолго.
- Без глутен и природно засладена: Совршена за луѓе со алергии или оние кои сакаат да намалат шеќер.
Било да планираш роденден, семеен ручек, празничен десерт или едноставно сакаш да се почестиш после работа, оваа чоколадна торта со леќа е практично магична. Може да ги импресионираш твоите пријатели и семејство без да се чувствуваш виновно, а истовремено ќе им понудиш десерт кој е почувствителен кон здравјето, но без компромис на вкусот.



Доколку си љубител на чоколадни торти, но сакаш нешто поинакво, здраво, протеинско и богато со диететски влакна, тогаш оваа чоколадна торта со леќа е дифинитивно за тебе! Те охрабрувам да ја направиш и пробаш најбрзо што можеш, и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коменар под овој пост.…
🍰 Чоколадна торта со леќа: Здрава, сочна и полна со протеини 🍰Прочитај повеќе »
🍰 Чоколадна торта со леќа: Здрава, сочна и полна со протеини 🍰 Read More »


















































































