🥗 Грчка салата со Тофу и Авокадо 🥗
Оваа грчка салата со тофу и авокадо е само мал твист на добро познатата грчка салата. Наместо фета – додадов маринирано тофу за протеин (детално за маринадата имате во рецептот подолу), плус додадов авокадо. Откако ја направив и почнав да го пишувам текстов, сфатив дека не ставив кромид (заборавив да купам), но одлично функционира и без.
Сосем на крај додадов неколку каперси – што да правам, ми имаат вкус на море… 🌊
Ја зачинив само со маслиново, оригано, сол и мааалку балзамико. Во 1 супена лажица балзамико оцет има 14 калории. Важно е да се напомене дека балзамико оцетот има доста шеќер, и најдобра опција за зачинување на вашите салати е со сок од лимон, но лето е и на сите ни треба малку опуштање и уживање!
И тоа е тоа, брза, едноставна и многу лесна а сепак добро избалансирана веганска грчка салата со тофу и авокадо.



Фолат (витамин Б9) – собено важно за бремените жени, бидејќи фолатите се потребни за нормален раст на ткивото и функцијата на клетките.
Калиум – суштински минерал, корисен за контрола на крвниот притисок и спречување на срцеви заболувања.
Како да ја направите оваа грчка салата со тофу и авокадо
Ова е повеќе реторско прашање 🤣 но одговорот е: ЛЕСНО! На мојот инстаграм профил имате и видео како да ја подготвите – иако знам дека не ви треба, сигурно сте подготвиле барем десетици грчки салати до сега 😀Како и сите мои рецепти, така и оваа салата е веганска, посна, вкусна и здрава. А кога сме веќе кај познати салати во вегнаска варијанта, еве едно потсетување на мојата Веган Капрезе салата – совршена за во лето!
Доколку си љубител на грчка салата, тогаш дефинитивно треба да ја направиш мојата грчка салата со тофу и авокадо. Те охрабрувам, бидејќи е превкусна, избалансирана и супер здрава! Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.…
🥗 Грчка салата со Тофу и Авокадо 🥗 Read More »
