🥥 Здрави Баунти барови 🥥
БАУНТИ БАРОВИ – едни од 4-те омилени чоколадни десерти, заедно со Твикс, Сникерс и Марс (за сите имам здрави варијанти, без грижи). За жал, оние, вистинските чоколади се процесирани и преполни со шеќери па затоа решив дека ќе ги направам овие, поздрави и со само 7 гр. јаглехидрати од парче! 😍




Овие Баунти барови се прават многу лесно и релативно брзо а за трикот за совршената баунти форма е да ги правите помеѓу палецот и показалецот (како на сликата). Кога ги направив првиот пат, беа хит рецепт објавен на мојот инстаграм профил и од тогаш си ги правам често. Доколку не користите засладувач и доколку користите црно чоколадо со висок процент и без шеќер ќе добиете супер здрав десерт, а сите го сакаме тоа, нели?
Еден #funfact за кокосовиот орев: може да се третира како јатка, како семка или како овошје, во зависност од вашето гледиште и критериум. 😆 Сепак, во кулинарскиот свет, кокосот се третира како овошје. Познат е по специфичниот слаткаст, јаткаст па дури и по малку тропски вкус.
Инаку, од нутриционистички аспкт, кокосовиот орев се смета за извор на здрави масти. Месото од кокосот содржи протеини и диететски влакна и некои минерали како железо, магнезиум, манган. Низ вековите кокосовиот орев се користел во традиционалната медицина за заштита од болести и инфекции. Се користел и за намалување на инфламацијата, уништување на бактериите и како против-отров. Па ако ви требаше и оправдување зошто МОРА да ги направите овие баунти барови, сега го имате! 🥥🥥🥥
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие баунти барови, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
🥥 Здрави Баунти барови 🥥 Read More »
