
Третата епизода од мојот серијал „Дали е тофу?“ носи еден од најнеочекуваните рецепти досега: сладолед од тофу. Ако мислеше дека после протеинските ѓевречиња и крем „сирењето“ од тофу веќе нема со што да те изненадам, ха! Време е за сладолед.
И тука серијалот „Дали е тофу?“ повторно ја има истата поента: не сакам да ти кажам дека постои само еден „правилен“ начин да јадеш тофу. Сакам да ти покажам колку многу можности имаш.
Па така во овој протеински сладолед од тофу, бидејќи го правиш дома, имаш целосна контрола врз тоа што ќе додадеш. Тоа е една од причините зошто сакам вакви рецепти: едноставни се, но оставаат простор за адаптација и креативност.
Па… дали е тофу? Апсолутно Да!
За целиот рецепт скролни надолу а кај мене на инстаграм во reels имаш и кратко видео одподготовката!
Ете така, следниот пат кога ќе видиш рецепт со тофу и ќе си помислиш „ова сигурно има вкус на тофу“, можеби треба прво да пробаш.


Зошто баш сладолед од тофу?
Ако сакаш кремаст сладолед, но истовремено сакаш да има и малку повеќе хранлива вредност, тофуто е интересна состојка за експериментирање.
Тофуто обезбедува растителни протеини, а кога ќе се изблендира станува мазно и кремасто. Тоа е токму текстурата што ја сакаме кај сладоледот. Но, најважното е: не треба да има вкус на тофу.
Кога ќе се комбинира со останатите состојки, тофуто служи како база, додека вкусот на можеш да го насочиш онаму каде што сакаш. Чоколадо, ванила, овошје, путер од јаткасти плодови… можностите се навистина многу. Оваа комбинација има карамела вкус и потсеќа на магнум.
Јас го правев во корнети, но можеш да го направиш и во силиконски модли и да го прелиеш со црно чоколадо (уште подобро)!
А, каков е овој сладолед од тофу? Кремаст и вкусен! И имај го ова на ум: не се обидувам да го направам тофуто невидливо затоа што треба да се избегнува. Напротив! Го користам како паметна и практична состојка која може да направи нешто сосема неочекувано.


Неутралниот вкус е супермоќ
Реално, тофуто е безлично. Нема карактер. Но сепак е како најверен другар. Ги прима вкусовите од она што ќе му го додадеш. Можеби ова звучи како недостаток, но во готвењето всушност е огромна предност. Баш затоа што тофуто лесно ги прифаќа вкусовите со кои го комбинираш, можеш да направиш сосем различни рецепти со него.
И така да заклучиме овој сладолед… Е тофу!
И затоа, ако досега тофуто и не ти се допаѓало, веројатно проблемот не е во тофуто, туку во рецептот (начинот на подготовка).
Е сега за модификациите… Можеш да го следиш основниов рецепт, ама можеш и да го направиш по твое.
Ако сакаш интензивен чоколаден вкус, тогаш направи го со какао или растопено темно чоколадо.
Ако повеќе сакаш овошни вкусови, пробај со јагоди, боровинки, малини или буквално кое било овошје ти е омилено.
Можностите и вкусовите за овој сладолед од тофу, се навистина бескрајни!
Ти се јаде сладолед, ама преферираш домашен, па уште и со протеини. ТОгаш, направи си го овој сладолед о тофу. Вкусен, здрав и многу лесно прилагодлив. А, доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🍦 Сладолед од Тофу 🍦
Equipment
- блендер / процесор за храна
Ingredients
- 300 гр. Свилено тофу
- 2 с.л. Растително млеко
- 2 с.л. Кокосово масло растопено
- 1 с.л. Ванила екстракт
- 2 с.л. Сируп од урми ако сакаш поблаго, може и 3 с.л.
- ⅓ шоља Путер од лешник
- ¼ шоља Пекани, мелени
- 2 коцки Црно чоколадо ситно исецкани
Instructions
- Стави ги сите состојки (освен пеканите и чоколадото) во блендер или процесор за храна и блендај додека да добиеш еднолична кремаста смеса.
- Сомели ги пеканите и исеќкај го чоколадото и додади ги во смесата.
- Убаво промешај и истури ја во сад што може да оди во замрзнувач, или пак во калапи за сладолед.
- Остави го да се зацврсти во замрзнувач, најмалку 4 часа.
- Пред да послужиш, остави го малку на собна температура, минимално да омекне.
Вкупно парчиња: 12 топки (цела доза)
(препорачана порција: 2 топки
Нутритивни вредности од целата доза:
Калории: 207.48 kcal
Протеини: 5.9 гр.
Јаглехидрати: 10.25 гр.
Масти: 14.63 гр.
Влакна: 2.43 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .
