Во овој водич ќе прочитате:
- Што е мача и како се прави
- Сите здравствени придобивки од мачата
- Помалку кофеин, а сепак, повеќе енергија
- Совршено Мача лате
- Што можеме да заклучиме
- Moya Matcha
Што е мача и како се прави
Мача е зелен чај во прав добиен од чајни билки кои се заштитени од директна сончева светлина пред да бидат набрани. Околу 2 недели пред бербата, се прават структури околу чајните дрва, за тие да се во длабока сенка (речиси во мрак). Со ова се зголемува нивото на хлорофил и листовите добиваат јака зелена боја, омекнуваат и стануваат поблаги. По бербата, листовите кратко стојат на пареа за да се испарат, па потоа се сушат, од нив се чисти вишокот гранки и се мелат во традиционални мелници од што се добива препознатливиот прав со јака зелена боја.
Во споредба со обичниот сварен чај, кога пиеме мача, го конзумираме целиот чаен лист и на овој начин го снабдуваме нашето тело со сите хранливи материи коишто ги содржи чајот. 🍵
Уште една супер придобивка на мачата е што може да се употребува и во десерти и секаков вид на храна!
Сите здравствени придобивки од консумирање Мача
Мачата (и воопшто зелениот чај) е еден од најмоќните антиоксиданси и има неверојатно многу здравствени придобивки, а еве само некои од нив:
🌱 Преполна е со антиоксиданси (вклучувајќи го и моќниот антиоксидант EGCg кој се наоѓа единствено во чајот)
🌱 Одличен извор на витамин Ц, селен, хром, цинк и магнезиум
🌱 Помага во намалување на инфламацијата
🌱 Го зајакнува имунолошкиот систем
🌱 Богат извор на катехини
🌱 Го убрзува метаболизмот и согорува калории
🌱 И дава сјај и еластичност на кожата
🌱 Извор на енергија поради големото количество на кофеин
🌱 Помага во смирување на умот и релаксирање на телото
🌱 Ги зајакнува коските
🌱 Го регулира холестеролот
🌱 Ја подобрува концентрацијата
🌱 Го намалува крвниот притисок
🌱 Придонесува за подобро расположение
#FunFact - Јапонскиот будистичкиот монах Eichû (743-816) е првиот што ја носи мачата во Јапонија, додека монахот Eisai (1141-1215), во 1191 откако се враќа од Кина го носи со себе во Јапонија новиот метод на консумирање на чајот (или како што го пиеме денес: мача измешана во топла вода). Всушност, Будистичките зен монаси ја користеле мачата пред повеќе од 800 години, откако откриле дека консумирањето им помагало при секојдневната медитација. Мачата се покажала делотворна при подобрување на нивната будност, фокусот и смиреноста - причини поради кои го имаме тоа зен чувство 🧘♂️🍵
Помалку кофеин, а сепак, повеќе енергија
Иако зелениот чај и Мачата содржат кофеин, сепак, количината е малку помала отколку во црниот чај и значително помала отколку во кафето. Мачата ќе ви даде кофеински буст, но предноста е во тоа што создава понежен и подолготраен извор на стимулација, што придонесува во подобрување на концентрацијата. Па така, и покрај содржината на кофеин во мачата, нема никакви несакани ефекти по нејзиното конзумирање кои се типични после пиење кафе, како што се хиперактивност или висок притисок. А од друга страна, пак, нивото на енергија по пиење шолја мача може да трае и повеќе од 6 часа.
Совршено Мача лате 🍵
Иако, најдобриот начин, е мачата да ја конзумирате “pure by itself” 🌱 (како чај со топла вода) затоа што на тој начин вашето тело ќе ги апсорбира сите хранливи материи коишто ги содржи чајот. Но, мачата можете да ја пиете и во форма на (се попопуларното) лате. Варијации на Мача Лате има многу, но генерално, основното лате се прави многу лесно, потребно ви е: Мача, малку топла (но не зовриена) вода, растително млеко и јаворов сируп (или засладувач по ваша желба).
🌿 Ставете 1 лажичка мача во празна чаша и полијте ја со вода (на температура од 70-80 °C)
🌿 Измешајте ја смесата со шасен (бамбусова маталка) или со машинка за правење пена. Мешајте околу 30 секунди
🌿 Додадете засладувач по желба (јаворов сируп, агаве) и повторно измешајте сѐ заедно
🌿 Загрејте го млекото (по ваша желба) и направете пена со помош на машинката за пена
🌿 Истурете ја пената врз мачата и уживајте во вашето совршено мача лате 🍵
Што можеме да заклучиме
Mачата потекнува од истото дрво како и зелениот чај, но се прави од целиот лист и поради тоа има поголема концентрација на антиоксиданси и останати витамини и минерали. Мачата има многу здравствени придобивки подеднакво и за менталното и за физичкото здравје. Дава енергија, опушта и релаксира, смирува, добра е за срцето, па дури може и да помогне во губењето на тежина. Лесно се подготвува и иако е најдобро да се косумира како чај, сепак одлична е и во лате, само со растително млеко и засладувач или други додатоци како на пример овошје, тоник итн.
🌿 Moya Matcha
Брендот Моya Matcha е автентична јапонска и органска мача која се одгледува во регионот Уџи во префектурата Кјото, познат по одгледувањето на најквалитетен зелен чај повеќе од 800 години. Регионот Уџи е познат по неговите плодни почви и чиста вода. Чајните билки таму имаат идеални услови за растење благодарение на ридовите кои обезбедуваат добра сончева светлина, честите магли кои ги штитат нежните лисја од мраз и големото количество на врнежи.
Бидејќи со Моya Matcha сме долго пријатели, со искористување на кодот „МММ10“ при порачка на некој од произвидите, добивате 10% попуст.
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .