Овие протеински зеленчукови палачинки се супер идеја за релативно брз и многу здрав ручек со 30 грама претеин и 460 калории од портција. Имаат 8 зеленчуци, што ги прави богати со диететски блакна (скоро 14 грама од порција) и се прават многу лесно и брзо. Можете да ги послужите со свежа салата, со печени компирчиња, хумус, или додаток по ваша желба.
Иако велам идеја за ручек, сепак, овие протеински зеленчукови палачинки се супер опција и за појадок, но и за вечера. Можете да ги ставите и во сендвич и да си ги земете за на работа или да ги спакувате за на училиште. Како и да ги искомбинирате, нема да погрешите, затоа што се многу здрави и многу вкусни. Исто така, изборот на зеленчук што ќе го ставите може да варира, и дури и охрабрувам да се користат различни зеленчуци секој пат – или пак, можете да ставите и уште нешто плус ова што јас вообичаено ставам. Само две работи се константни: брашно од наут и тофу – протеини засекогаш! 😆


Како да ги направите овие протеински зеленчукови палачинки?
Начинот на подготовка може да биде на два начини:
- Да го зготвите зеленчукот – како што јас преферирам. Мене многу ми се допаѓаат аромите што зготвениот зеленчук ги пушта и секогаш ја препорачувам оваа верзија.
- Зеленчукот да го ставите сиров – доколку немате време за готвење – но со ова губите дел од аромата, и зеленчукот е пожелно да ви биде многу многу ситно исецкан/изрендан за да не биде сосема жив (иако ни туа не е страшно)
Како што кажав, мојот рецепт е со зготвен зеленчук, и пак ќе повторам, слободно можете да замените нешто, да додадете нешто друго иако искрено, мислам дека употребив се



Сите придобивки од овие палачинки?
Од супер количество на растителни протеини, до супер количество на растителни влакна, до антиоксиданси (витамин Ц, бета-каротен, антоцијанини), до витамини и минерали (витамин К, витамин А, железо, магнезиум и калиум), овие протеински зеленчукови палачинки се навистина одлични за вас. Имаат малку калории но голема нутритивна густина. Лесни се за варење, не ја оптоваруваат работата на црниот дроб и се идеални за балансирани оброци во здрава исхрана или план за слабеење. Плус, брашното од наут, освен што нема глутен, има низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува нагли скокови во шеќерот во крвта, туку обезбедува долготрајна енергија.
Се на се, светото тројство лесни-здрави-вкусни, според мене е најважно.

Доколку ти треба идеја за ручек, моите протеински зеленчукови палачинки се она што ти треба во моментов. Богати се со протеини, растителни влчакна, минерали и витамини, но поважано, вкусни се и се прават брзо и лесно. Те охрабрувам да ги пробаш и секако, доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.
🥦 Протеински зеленчукови палачинки (солени) 🥦
Состојки
- 200 гр Тофу изрендано
- 1 шоља Печурки исецкани
- 1 Црвена бабура исецкана
- 4 Млади кромитчиња исецкани
- 2 Моркови изрендани
- 1 шоља Брокула исецкана
- 1 к.л. маслиново масло – или вода
- 1 к.л. Зеленчуков зачин
- 1 к.л. Димена паприка или други зачини по вкус
- 1 шоља Брашно од Наут
- 1 шоља Вода
- 1 с.л. Маслиново масло
- 1 с.л. Нутритивен квасец
- 1 Домат исецкан
- ½ Тиквичка изрендана
Инструкции
- Во подлабоко тавче за готвење, ги ставате младиот кромид, пиперката и морковот да се зготват (на вода или 1 к.л. маслиново масло)
- Откако ќе омекнат, го додавате тофуто, печурките и брокулата. Ги додавате и зачините. ипромешувате.
- Оставате да се готват 10тина минути додека убаво да омекнат. Во меѓувреме, во подлабок сад го ставате брашното од наут, водата, нутритивниот квасец, маслиновото мадло, доматот и тиквичката.
- Го додавате и зготвениот зеленчук во смесата со брашно од наут и зеленчук и убаво промешувате.
- На нелепливо тавче за палачинки ставате по 2 полни лажици од смесата, формирате палачинки и печете кратко од двете страни.
- Послужете со свежа салата, во сендвич или со додатоци по желба.
Вкупно порции: 6 палачинки
(препорачана порција: 3 палачинк1)
Нутритивни вредности од порција: (*засметано без додатоци, салати и слично)
Калории: 460,3 kcal.
Протеини: 30 гр.
Јаглехидрати: 39,65 гр.
Масти: 16,7 гр.
Влакна: 13,65 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .

