Marija Marija Marija

🫔 Пити со Оризова хартија 🫔

пити со оризова хартија - Хедер

Има јадења кои не само што го хранат стомакот, туку некако успеваат да ја нахранат и душата. Моите пити со оризова хартија полнети со тофу и спанаќ се токму такв: лесни, кревки, но полни со вкус!

Сè почна од желбата да направам некоја безглутенска пита, но во исто време, нешто што ќе биде полесно, и што ќе може да се јаде и топло и ладно, без да тежи, а сепак да биде полно со вкус и текстура.

Оризовата хартија е како платно на кое можеш да насликаш што сакаш. А такво е и тофуто – навидум без вкус, а прима секаков вкус што е му се даде. Е сега прашањето,

Зошто повторно полнење со спанаќ и тофу

Да, веќе имам една пита со спанаќ и тофу, но оваа верзија ја направив поинаква, подноставна и со многу подлабок вкус. Се фокусирав на зачините и аромите за тофуто и не додавав други додатоци.

пита со оризова хартија

Така што, ако бараш идеја за вкусен и малку поразличен оброк или мезе, овие пити со оризова хартија се одличен избор. Полни се со хранливи состојки, лесни за подготовка и изгледаат убаво на маса (идеални и за секојдневен ручек, но и кога имаш гости). Инаку, од целата доза во овој рецепт излегуваат 4 големи пити, со вкупно 664 калории и 30 грама протеин. Ова ги прави овие пити со оризова хартија помалку калорични од четврт бурек и со повеќе протеини! Плус, количината е голема, може и да не ја изедете цела порција 🙂 И да, многу подобра опција од бурек!

Зошто токму оризова хартија?

Оризовата хартија е одлична алтернатива за класичното тесто или кори. Без глутен е, брзо се работи со неа и добива убава, лесно крцкава текстура кога се пече. Плус, не тежи во стомакот како некои класични пити. А периодов правам многу рецепти со оризова хартија: солени пролетни ролнички, слатки ролнички со јаболка… И мислам дека низата само ќе ја дополнувам! И да не дожам премногу, целиот рецепт и начинот на подготовка е објаснет подолу а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Доколку ти се јаде пита или бурек, ама внимаваш на калорискиот внес и сакаш да се храниш малку поздраво (и без глутен) тогаш овие пити со оризова хартија се полн погодок! Полнети се со тофу и спанаќ, богати со протеини, виамини, минерали и диететски влакна и готови за 20 минути! Мислам дека повеќе причини и нема потреба да набројувам. А, да! Превкусни се! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija  или остави ми коментар под овој пост.

🫔 Пити со Оризова хартија 🫔

Време на подготовка15 minutes
Време на готвење5 minutes
Вкупно време20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 200 гр. Тофу изгмечено
  • 1 к.л. зеленчуков зачин
  • 1 к.л. Димена Паприка
  • 1 с.л. Соја Сос
  • ½ с.л. Сенф
  • 1 с.л. Нутритивен квасец
  • 1 с.л. Чили сос опционално
  • 2 шаки Бејби спанаќ
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 8 листови Оризова хартија
  • вода за кваасење на оризовата хартија

Инструкции

  • Во подлабоко тавче ставете го маслиновото масло, тофуто, зачините и нутритивниот квасец и гответе неколку минути на среден оган.
  • Додадете го соја сосот, сенфот и чили сосот (доколку користите) и убаво промешајте.
  • Додадете го спанаќот и убаво промешајте за се заедно да се зготви.
  • Натопете еден лист оризова хартија во вода, за да омекне и ставете го на влажна подлога. Ставете од полнењето и спакувајте. Потоа натопете уште еден лист и замотајте го пакетчето (едно полнење во 2 листови).
  • Повторете со останатите, додека да го употребите целото полнење.
  • Ставете ги на загреано нелепливо тавче со малку маслиново и пржете ги додека да фатат коричка.
  • Послужете ги со соја или сос по желба.

Вкупно парчиња: 4
(препорачана порција: 4 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 664 kcal
Протеини: 30 gr.
Јаглехидрати: 50.4 gr.
Масти: 35 gr.
Влакна:
7.2 gr.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .