🧀 Дали е тофу? #2: Крем „сирење“ од тофу 🧀

крем „сирење“ od тофу

Вториот рецепт од мојот серијал „Дали е тофу?“, во кој тофуто се појавува таму каде што можеби најмалку го очекуваш е токму ова крем „сирење“ од тофу.

Океj, можеби крем „сирење“ е баш очекуван рецепт за тофу, ама, ми фалеше намаз за моите ѓевречиња од тофу и си реков, океј зошто да не! И така, го направив овој кремаст, и вкусен намаз кој може да го користиш на ист начин како класичното крем-сирење.

Тофуто има сосем неутрален вкус, а токму тоа го прави одлична основа за различни намази. Кога ќе се изблена, добива мазна и кремаста текстура, а со неколку едноставни состојки можеш да му дадеш свеж, кремаст и благо киселкаст вкус. Овој рецепт е без додатоци, но ова крем „сирење“ од тофу може да го збогатиш буквално со што сакаш (идеи имаш подолу).

Па… дали е тофу? Секако дека Да!

За целиот рецепт скролни надолу а кај мене на инстаграм во reels имаш и кратко видео одподготовката!

Плус знаеш што? Дури и да ја изедеш целава доза од овој рецепт, ќе внесеш само 391 калорија, 27 грама протеин и 25 грама диететски влакна! Совршено, признај…

5 причини зошто го сакам ова крем „сирење“ од тофу

Прво, затоа што се прави многу брзо и лесно. А и многу лесно се модификува. А ова всушност се две причини.

Трето, затоа што тофуто е богато со растителни протеини. Тоа значи дека со еден едноставен намаз можеш да го направиш оброкот позаситувачки, без да мораш да се потпираш само на класичните намази.

Четврто, знаеш точно што ставаш и што јадеш. Немаш додатоци, вештачки бои и засилувачи на вкус. Само зачини. Чиста целосна храна. Веројатно ова е и најдобрата причина.

Петто, не мора да бидеш љубител на тофу за да ти се допадне. Баш напротив. Стави состојќи што ги сакаш а тофуто само ќе го прими нивниот вкус. Бидејќи тофуто е неутралната база, вкусот можеш да го прилагодиш со состојките што ги додаваш. Со малку киселкаст елемент, зачини и сол добиваш намаз кој потсетува на крем-сирење и е доволно неутрален за да го комбинираш со различни додатоци.

крем „сирење“ од тофу
krem sirenje od tofu

Инспирација за повеќе вкусови

Ова крем „сирење“ од тофу е еден од оние рецепти што можеш да ги правиш повторно и повторно, но секојпат малку да ги менуваш (и да имаш различен намаз).

Сакаш свежа варијанта? Додај свежи билки или младо кромитче (или власец!!). Сакаш поинтензивен вкус? Додај печен лук.

Можеш да му додадеш печена пиперка, или пак печен модар патлиџан. Или пак свеж спанаќ. Или пак сушени чери домати. Буквално, што и да додадеш, ќе добиеш нов превкусен намаз.

И ако и ти како мене повеќе сакаш солени појадоци, ова крем „сирење“ од тофу е одличен намаз за „meal-prep“ односно за подготовка однапред. Направи си количина и чувај ја во фрижидер, па во текот на неделата само намачкај малку на леб, крекери или ѓеврече и додади што имаш при рака.

Pro tip: направи поголема количина од основнава верзија и неколку додатоци па имај си повеќе комбинации на намази. Така јас ќе направам следно…

И така да заклучиме…

Да, тофу е!

Ако си сакаш солени намази ама сакаш да направиш нешто дома без вештачки бои и засилувачи на вкус, тогаш моето крем„сирење“ со тофу е она што ти треба. Се прави брзо и лесно и баш потсетува на класично крем-сирење. Те охрабрувам да го пробаш, и секако, доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🧀 Крем „сирење“ од Тофу 🧀

Author: Марија Марија Марија

Ingredients

  • 200 гр. Тофу
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 1 с.л. Таан
  • 2 с.л. Нутритивен квасец
  • 1 Лимон, исцеден
  • ½ к.л. Сол плус зачини по вкус (италијанска мешавина, печен сусам, сув власец… )

Instructions

  • Стави ги сите состојки во блендер и блендај додека да добиеш кремаста смеса.
  • Претури ја смесата во помал сад со капак и стави ја во фрижидер малце да се стегне.

Вкупно парчиња: 1 доза
(препорачана порција: 2 лажици
Нутритивни вредности од целата доза:
Калории: 391 kcal
Протеини: 27.1 гр.
Јаглехидрати: 7.6 гр.
Масти: 33 гр.
Влакна: 25.4 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .

error: