Marija Marija Marija

🫓 Крекери од Наут 🫓

крекери од наут - Хедер

Овие брзи, лесни и пред се, здрави крекери од наут се твојата следна „грицка“. Направи си ги за ужинка или послужи ги гостите на следната седенка. Одлично одат со хумус или некаков друг намаз но супер се и како додаток со салата. Плус, богати се со растителни протеини, што ниедна купечка грицка не ви го обезбедува, нели? А денес, се се врти околу протеините. Шала на страна, овие крекери од наут се прават навистина многу едноставно и можете да си ги зачините по вкус и да бидете сигурни дека ќе грицкате нешто здраво и нутритивно.

Зошто крекери со наут?

Наутот (заедно со лежата) отсекогаш ми бил еден од омилените „скриени херои“ во кујната. Богат со протеини, растителни влакна, минерали и витамини, тој додава не само нутритивна вредност, туку и прекрасна текстура и вкус. Во овие крекери, наутот е вистинска ѕвезда, им дава суптилна оревеста нота и крцкава текстура.

Инау, идејата за овие крекери од наут се роди еден попладне кога сакав нешто лесно, но сѐ пак посебно за грицкање. Бидејќи избегнувам глутен и брашно, сакав да направам нешто без глутен, со поразличен профил на хранливи материи. Така стигнав до наутот.

Од првиот обид успешни! Едноставни за правење, со само неколку состојки и готови за само петнаесет минути. И што е најважно, сите дома ги одобрија. Дури и најмалите прстиња бараа уште „клекели“!

За целиот рецепт и начинот на подготовка скролнете надолу во овој пост, а секако, кај мене на инстаграм во reels имате и кратко видео од подготовката.

krekeri od naut

Овие крекери од наут се потсетник дека убавината често лежи во едноставноста. Со неколку состојки и малку љубов, можеш да создадеш нешто што ќе ги зближи сите околу масата. А таму, меѓу тивкиот разговор и звукот на крцкањето, се раѓаат најубавите сеќавања. И тоа е тоа, немам што повеќе да кажам, освен да си ги направиш и да уживаш без грижа на совест!

Доколку и ти како мене сакаш крцкави крекери, тогаш дефинитивно мораш да ги пробаш крекери од наут. Те охрабрувам, бидејќи се многу вкусни и се прават навистина брзо и лесно. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija  или остави ми коментар под овој пост.

🫓 Крекери од Наут 🫓

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење35 minutes
Вкупно време45 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна / блендер

Состојки

  • 2 шољи Наут, убаво исцеден и исплакнат
  • 2 с.л. Маслиново масло
  • 2 с.л. Густин
  • 1 с.л. Оцет
  • ¼ шоља Вода
  • прстофат Сол
  • ½ к.л. Димена паприка
  • ½ к.л. Лук во прав
  • ½ к.л. Сув копар или зачини по вкус
  • Сусам за наросување од горе

Инструкции

  • Најпрво исцедете го, исплкнете го и убаво исушете го наутот.
  • Ставете го наутот заедно со сите останати состојки во процесор за храна и блендајте додека да добиете еднолична смеса/тесто.
  • Направете стапчиња со готварски шприц или истурете го и измазнете го тестото на тавче за печење, обложено со хартија за печење.
  • Печете 30тина минути, додека да заруменат, во претходно загреанарерна на 160.

Вкупно парчиња: 20 крекери
(препорачана порција: 4 крекери)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 143,6 kcal
Протеини: 4,3 гр.
Јаглехидрати: 12,46 гр.
Масти: 7,08 гр.
Влакна:
3,92 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .