Marija Marija Marija

🍅 Чорба од цвекло 🍅

чорба од цвекло - Хедер
Чорба од цвекло

Мене чорбите ми се храна за душа или “ultimate comfort food” и чорби правам од сè, па така настана и оваа чорба од цвекло. Има преубава јака розово-црвена боја (баш е christmas-friendly, може да оди и во категоријата Празнични рецепти). Плус, е супер вкусна и многу здрава. Јас ја правам само со три состојки: цвекло, црвен кромид и лук. Мојата тајна е печењето на зеленчукот. Количината на зеленчук и вода и зачините се по сопствен вкус.

Неговото височество: цвекло

Освен по препознатливата темно црвена боја, цвеклото е преполно со есенцијални хранливи материи. Извор е на влакна, фолат (витамин Б9), манган, калиум, железо и витамин Ц. Сето ова има бројни здравствени придобивки, вклучително и подобрување на протокот на крв, намалување на крвниот притисок и зголемени перформанси при вежбање.

Во 100 грама има само 43 калории, а количината на влакна што ја содржи помага да се чувстувате сити подолго време. Вкусно е свежо, во салата, закиселено, испечено како додаток со друг зеленчук или како во овој случај – во чорба!

Чинија љубов

Оваа чорба од цвекло е чинија љубов во вистинската смисла на зборот. Убава на око, убава на вкус и неверојатно можна за здравјето! Буквално не постои причина да не ја направите. Истово го кажав и кога прв пат ја објавив на мојот инстаграм профил.

Ова инаку го напоменувам во секој објавен рецепт за супа или чорба – густината ја регулирате со додавање на вода. Односно, доколку сакате чорбата да е погуста, ставете помалку вода.

Чорба од цвекло
Доколку си љубител на супи и чорби а се уште ја немаш направено оваа чорба од цвекло, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи има неверојатна боја и одличен вкус. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍅 Чорба од цвекло 🍅

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење15 minutes
Печење на зеленчукот20 minutes
Вкупно време35 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 2 поголеми цвекла излупено и исечкано на покрупни парчиња
  • 1 поголем рвен кромид излупен и пресечен на четвртини
  • 1 главица лук пресечена на пола
  • 500 мл. вода
  • 1 к.л. сол
  • бибер, копар и останати зачини по вкус и желба
  • 1 с.л. маслиново масло

Инструкции

  • Излупете го и исечкајте го зеленчукот.
  • Ставете му малку маслиново и зачини и ставете го да се пече во претходно загерана рерна на 170, околу 30 минути, додека да омекне.
  • Во поголемо тенџере на оган ставете го испечениот зеленчук, додадете зачини по желба и вода и проварете 10-тина минути. Изблендајте и варете уште 5 минути.
  • Доколку супата ви е многу густа, можете да додадете уште малку вода.

Вкупно порции: 3
(препорачана порција: 1 чинија)
Нутритивни вредности од порција:

* к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .