Marija Marija Marija

🍛 Чили Леќа 🍛

Чили леќа - Хедер

Кога ќе ја пробате мојата чили леќа, нема да сакате да правите каква било друга леќа. Плус, ако сте љубител на пикантен вкус – тогаш овој ручек е полн погодок за вас. Секако, доколку не јадете луто, едноставно изоставете го во зачините – вкусот и понатаму ќе биде предобат.

Тајната состојка

Ја крстив чили леќа, затоа што е пикантна – односно и ставам неколку зачини што дават лут вкус. Секако, како што напоменав погоре, слободно изоставете ги доколку не јадете луто. Но, тајната состојка во ова јадење, сепак, е томато сосот. Односно, јас леќата не ја варам во вода, туку во доматен сос, што совршено се вклопува со црвената леќа што ја користам за ова јадење, морковот, лукчето и кромидот. И тоа е тоа, нема комплицирани состојки, нема голема филозофија. Брз, лесен и здрав ручек готов за 20-тина минути

чили леќа
чили леќа

Чили леќа без чили?

Нека не ве плаши името, веќе неколку пати нагласив дека поеднакво е вкусна и доколку не ставите чили и хариса. Чилито е добро да се јаде, но не и да се претерува – како впрочем и се останато. Слободно ставете ги зачините што ги сакате (одлично оди со босилек, или нане, и секако, свеж магдонос.

Леќата е инаку уште еден одличен извор на растителен протеин и добро е да ја консумирате често. Уште подобро е ако ја искомбинирате со упте некој извор на протеин како тофу, плус грав и грашок. Јас често ја користам, и од леќа правам се:
– тортиљи/врапови
– ќофтиња
– ролат

А, наскоро ќе го објавам и рецептот за протеинско лепче од леќа 😍🤩

Доколку си љубител на манџички како мене, плус ако сакаш пикантен вкус, тогаш дефинитивно треба да ја пробаш мојата чили леќа. Откако еднаш ќе ја направиш, нема да правиш друга леќа - толку е вкусна. Дури и ако не сакаш луто, изостави го и повторно ќе биде вкусна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍛 Чили Леќа 🍛

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • ½ шоља Црвена леќа
  • 2 Моркови
  • 1 Кромид
  • 2 месечинки Лук
  • 1 Домат
  • 2 с.л. Маслиново масло
  • 1 к.л. Сол
  • 1 к.л. Димена пипер
  • 1 к.л. Зеленчуков зачин или зачини по желба и вкус
  • ½ к.л. Чили изоставете го доколку не јадете луто
  • ¼ к.л. Хариса изоставете ја доколку не јадете луто
  • 500 мл. Томато сос
  • 1 с.л. Лут сос (Срирача или сличен) изоставете го доколку не јадете луто
  • Магдонос малку за гарнирање

Инструкции

  • Исецкајте го кромидот, морковите и лукот и ставете ги во подлабоко тенџере на оган со маслиново масло.
  • Исецкајте ги доматите и откако ќе омекне зеленчукот што се динста, додадете ги во тенџерето.
  • Додадете ја и леќата и зачините. Мешајте добро.
  • Додадете го доматниот сос, убаво промешајте, намалете го огнот и покријте го тенџерето.
  • Варете со повремено мешање, 20тина минути додека да омекне леќата.
  • Доколку е многу густо, можете да додадете малку вода.
  • Сосем на крај исецкајте свеж магдонос и наросете.

Вкупно парчиња: 3 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 458 kcal.
Протеини: 8,75 гр.
Јаглехидрати: 34,95 гр.
Масти: 15,125 гр.
Влакна: 8,925 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .

2 thoughts on “🍛 Чили Леќа 🍛”

Comments are closed.