Marija Marija Marija

Ужина

🍌 Протеинско чоколадно банана лепче 🍌

banana-bread-featured

Ова е прв пат да направам друг обид за банана лепче, бидејќи едноставно мислам дека двослојното банана лепче е апсолутно непобедливо. АМА сепак решив да се обидам да го направам овој протеинско чоколадно банана лепче и со тешко срце морам да признаам дека излезе ПРЕ-ПРЕ-ПРЕВКУСЕН! Прво, нема никаков додаден шеќер, сем бананата (што е апсолутна победа) – бидејќи користев многу зрели (скоро кафени банани – тие се најблаги). Второ, користев чоколаден вегански протеин што му даде супер чоколадна нота и ја зголеми протеинската вредност. Трето, користев капки од црно чоколадо и какао парчиња за уште повеќе антиоксиданси. 

Нема дилема дека ова протеинско чоколадно банана лепче е супер здраво за појадок, десерт или ужина. Нема глутен, и буквално нема ниту една лоша состојка. Од надвор е крцкаво а внатре е меко и сочно, налик колаче.

Одлично оди со путер од јатки и свежо овошје. Има преубав чоколаден вкус а нема никаков шеќер – it’s magic!

протеинско чоколадно банана лепче состојки

Плус, подготовката е толку лесна, се прави во еден сад и потребен ви е само блендер (или мелница) за да го сомелете овесот или бадемите. Бананата ја пасирате со вилушка и во истиот сад ги мешате состојките – ова е причина плус, бидејќи не се прави неред во кујна! 

Доколку го нема пробано и направено ова протеинско чоколадно банана лепче, те охрабрувам да го направиш ова, има супер чоколаден вкус, нема шеќер и е навистина вкусен и лесен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍌 Протеинско чоколадно банана лепче 🍌 Read More »

🥖 Најлесното лепче со семки 🥖

seed-bread-header

Ова не е лепче како што се научени да јадеме, туку е многу поубаво и поздраво! Најлесното лепче со семки се прави буквално од семиња и вода, премногу лесно, во еден сад, без неред во кујна, без месење, без проблем ☺️. Преполно е со протеини, антиоксиданси и омега-3 масни киселини и е супер за појадок или ужинка со малку хумус и краставица, со свежо овошје, или со путер од јатки, како десерт.

Но, зошто е толку здраво?

  • Семки тиква – содржат високо количество на протеин и се одличен извор на диететски влакна, ја намалуваат инфламацијата при артритис, спречуваат формирање на камења во бубрезите, преполни се со минерали и Цинк, помагаат за добар сон, можат да ја намали количината на ЛДЛ холестеролот, го подобруваат здравјето на простатата, го убрзуваат метаболизмот, го намалуваат крвниот притисок, се борат со паразитите и ја подобруваат активноста на антиоксидантите. 
  • Ленено семе – содржат високо ниво на здрави омега-3 масни киселини, преполни се со антиоксиданси и се многу добар анти-инфламатор, го убрзуваат метаболизмот и помагаат во согорување на мастите, богати се со витамин Б, магнезиум, манган, фосфор, железо, калиум, помагаат при констипација, го намалуваат нивото на холестеролот и крвниот притисок и се многу богати со лигнани – фитоестрогени коишто влијаат во намалувањето на ризикот од одредени ракови поврзани со хормоните (најчесто на градите, матката, јајниците и простатата).
  • Чиа семе – богати со со протеини и анти-оксиданси, помагаат за здрава и убава кожа и го подобруваат дигестивното здравје и варењето на храната, го убрзуваат метаболизмот и го зголемуваат нивото на енергија, добри се за здравјето на срцето, одлични за дијабет, придонесуваат за добро здравје на коските, и особено забите, и помагаат при губењето на тежина и градењето на мускули.
  • Семки сончоглед – го подобруваат имунитетот, здравјето на срцето и нервниот систем, богати се со витамини и минерали, диететски влакна и антиоксиданси, одлични се за здрава кожа, коски и нокти, одличен извор се на железо, витамин Е и фосфор, помагаат во балансирање на хормоналните нивоа, и помагаат во подобрување на дигестијата (варењето на храната)
  • Сусам – го подобрува варењето на храната (дигестијата), ја намалува инфламацијата и помага во одржување на здравјето на срцето, ја намалува хипертензијата, помага при намалување на анемија, го подобрува имунитетот и го убрзува метаболизмот, има добро количество на протеин и штити од радијација.
најлесното лепче со семки - парче
Овес – освен што го зголемува нивото на енергија, овесот помага во намалување на холестеролот и нивото на шеќер во крвта, преполн е зо железо и е одличен извор напротеин, богат е со витамини, минерали и диететски влакна, може да го спречи опаѓањето на косата и помага при намалувањето на телесната тежина.

Псилиум (тегавец) – го намалува нивото на холестерол, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, има анти-инфламаторски дејства, има големо количество на диететски влакна, помага при рефлукс, констипација и намалување на телесната тежина.

  • Маслиново масло – го подобрува кардиоваскуларниот систем, помага во одржување на нивото на холестерол, помага при констипација, улцерозен колит, мозочен и срцев удар, помага при намалување од ризикот од рак на дојка, зајакнување на коските и борбата со Алцхајмер.

  • Од се што набројав, не постои ниту една причина да не го направите направите и пробате најлесното лепче со семки, буквално ♥️
најлесното лепче со семки - состојки
најлесното лепче со семки за појадок

Ве уверувам дека ова лепче со семки набрзо ќе стане дел од вашата секојдневна исхрана. Плус, се прави премногу лесно, во еден сад, без неред во кујна, без месење, без проблем ☺️. 

Супер е за појадок или ужинка со малку хумус и краставица, со свежо овошје, или со путер од јатки, како десерт.
Доколку се уште го немаш направено најлесното лепче со семки, те охрабрувам да го направиш уште денес и доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥖 Најлесното лепче со семки 🥖 Read More »