👩🏻🌾 Гранола “торта од морков” 👩🏻🌾
Оваа гранола од морков е трет вид на гранола што го правам и веќе сè потешко ми е да се одлучам која ми е омилена. Додека не ја направив чоколадната, бев „навлечена“ на таа од хељда. Па потоа, не прекинав да ја правам чоколадната. Е сега некако да ми преовлада овој вкус на „торта од морков“. Овошно-јаткаст и совршен! Изгледа дека додека не направам некоја нова гранола (а веќе имам една на ум) ќе бидам „навлечена на оваа“. Како и секоја друга гранола, МНОГУ лесно се прави, здрава е, вкусна и минимално природно засладена со само 2 лажици јаворов сируп на целата количина. Верувајте ми на зборот, МОРАТЕ да ја пробате!


Да ве потсетам дека консумирањето на домашна гранола има многу здравствени придобики а дел од нив се и:
- Помага при слабеење,
- Ја подобрува когнитивната активност
- Го подобрува крвниот притисок,
- Помага при превенција на анемија
- Го намалува нивото на холестерол,
- Го намалува високиот крвен притисок,
- Помага во превенција на некои заболувања
- Го подобува здравјето на дигестивниот тракт,
Секако, оваа гранола од морков можете да ја јадете како додаток на вашето смути, овесна каша, чиа пудинг или пудинг од ленено семе, со јогурт или растително млеко и свежо овошје. Можете дури и да ја ставите како додаток на палачинки.
Како и да решите да ја консумирате, нема да погрешите 😍

Доколку се уште ја немаш пробано и направено оваа гранола од морков, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е превкусна и прелесна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
👩🏻🌾 Гранола “торта од морков” 👩🏻🌾 Read More »

















































