🥬 Протеински тортиљи со спанаќ 🥬

Брашното од наут е богато со витамини и минерали, има помалку калории од белото брашно, а од друга страна многу заситува поради големата количина на диететски влакна и протеини што ги содржи. Па овие тортиљи со спанаќ (врапови) се одлична идеја за вашиот следен ручек. Наполнете ги со хумус и многу свеж зеленчук и тофу и ќе имате преубав, многу здрав и балансиран оброк, за само неколку минути!
Рецептот за овие тортиљи со спанаќ беше доста популарен кога го објавив на мојот инстаграм профил веројатно затоа што враповиве се со само 4 состојки, се прават во блендер – што значи автоматски нема неред во кујна и се многу здрави!
Доколку се уште ги немаш пробано и направено овие тортиљи со спанаќ, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
За бенефитите од спанаќот нема потреба да пишувам на долго и на широко, единствено можам да порачам да го консумирате колку што можете повеќе, во комбинација со лимон за зголемување на количината на железо.
🥬 Протеински тортиљи со спанаќ 🥬 Read More »













































