🥞 Најлесните палачинки на светот 🥞
Ова се дефинитивно најлесните палачинки на светот со само 2 состојки: вода и хељда. Останатото го додавате по вкус и желба. Мислам дека луѓето се делат на 2 типа: оние што сакаат американски палачинки и оние што сакаат француски палачинки (crêpes, тенки, како што ги правиме ние). Ова се такви, тенки само многу лесни и многу здрави!

Се прават со само 2 состојки.
Немаат глутен, немаат никаков шеќер, што значи можете да ги јадете и со солен фил.
Хељдата е инаку супер извор на растителен протеин, богата е со диететкси влакна, има многу низок гликемиски индекс – што значи дека јаглехидратите споро се абсорбираат во крвотокот и на вашето тело му овозможуваат стабилен енергетски тек (не создава нагли покачувања на нивото на шеќер во крвта) што ја прави погодна и за дијабетичари.


Освен што се најлесните палачинки на светот, овие палачинки од хељда се доста популарни, и дефинитивно ги вбројувам во категоријата на рецепти коишто се едни од најправените до сега објавени мои рецепти на мојот инстаграм профил.

🥞 Доколку се решите за солено полнење еве ви предлог: хумус, свеж чери домат, свежа краставица, маслинки, младо кромитче.
🥞 Доколку се решите за благо полнење еве ви предлог: направете смеса од домашен џем од чиа-јагоди и јогурт од бадеми, плус свежи јагоди. Прелијте со чоколаден сос, путер од кикирики crux.mk , јагоди, боровници и кокос.
(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено најлесните палачинки на светот, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🥞 Најлесните палачинки на светот 🥞 Read More »








