🍯 Наутела – Нутела од наут 🍯
Оваа моја Наутела – Нутела од Наут, освен што има супер фраерско име, е многу здрава алтернатива за сите љубители на познатиот сладок крем! 🍫
Е сега ќе речете „Што ти текна нутела од наут, кога веќе имаш ФЕНОМЕНАЛНА домашна нутела?“ И еве го мојот одговор… Мојата Наутела – Нутела од Наут е богата со протеини, диететски влакна а има многу помалку масти од онаа со лешник што е навистина феноменална.
Едноставно сега имате две опции една со лешник и оваа со наут. Зависно од преференциите и секако, расположливите намирници дома. Инаку оваа Наутела – Нутела од Наут има само 5 состојки и се прави многу лесно. Целиот рецепт го имате подолу во оваа објава, а постапката можете да ја видите и кај мене на инстаграм во reels.





Што ја прави оваа Наутела посебна?
- Наут: Богат со растителни протеини, влакна и железо, наутот е идеален за енергичен почеток на денот. Ја поттикнува дигестијата и ви помага да се чувствувате сити подолго.
- Урми: Полни со природни шеќери, антиоксиданти и минерали како магнезиум и калиум – урмите се вистински извор на здрава енергија.
- Рогач: Оваа суперхранлива замена за какао е богата со калциум, нема кофеин, и го поддржува здравјето на коските и срцето. Секако, можете да употребите и квалитетно какао, но јас се решив за рогач за да може овој рецепт да биде baby-friendly.
Секако, слободно рогачот можете да го замените со Какао, доколку кремчево не го јадат деца под 2 год.
Зошто да ја направите оваа Наутела – Нутела од Наут?
Затоа што е многу вкусна и здрава!! Оваа Наутелa – Нутела од Наут не содржи рафиниран шеќер, масло или дополнителни додадоци. Има многу помало количество на масти во однос на лешниците и плус е:
✅ 100% растителна
✅ Богата со протеини и нутриенти
✅ Вкусна и кремаста
✅ Лесна за подготовка
✅ Со гооолем потенцијал да ви стане новиот омилен рецепт

Како да ја искомбинирате мојата Наутела – Нутела од Наут?
Како и секој друг чоколаден намаз, така и оваа Наутела – Нутела од Наут, можете да ја јадете во различни компбинации, па еве листа на сите мои рецепти со коишто можете да ја искомбинирате:
🥞 Палачинки
🧁 Мафини
🥨 Крекери
🍩 Крофни
🍞 Или едноставно да си ја намачкате на лепче или пак на свежо овошје!
И иако сакам да ви пишувам уште причини зошто и идеи како, мислам дека нема потреба. Оставам на вас да ја направите и да ми пишете мислење!
Доколку си љубител на чоколаден крем, но сакаш поздрава варијанта со ЗНАЧИТЕЛНО повеќе протеини - тогаш мојата Наутела - Нутела од Наут е совршена за тебе! Многу е вкусна и здрава и дефинитивно те охрабрувам да ја направиш и пробаш. Секако, доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.…
🍯 Наутела – Нутела од наут 🍯 Read More »

























































































