🍫Чоколадна гранола 🍫
Сите заслужуваме чоколадна гранола во нашиот живот. А, оваа чоколадна гранола, освен што е мнооооогу вкусна, исто така е нутритивно богата, полна со омега-3 и други здрави масти, влакна, протеин, магнезиум, витамин Е, Б3, Б6, антиоксиданси и минерали. Ќе ви помогне во намалување инфламацијата, ја подобрува функцијата на срцето и мозокот, го намалува нивото на шеќер во крвта, и ве држи сите долг период. Не гледам зошто не би ја направиле уште веднаш, нели?



Се прави во еден сад, навистина брзо и лесно, а брзо и се пече – готова е за 10/12 минути. Можете да ја јадете за појадок со растителен (вегански) јогурт или млеко, за ужина, па дури и како десерт. Искомбинирајте ја со смути, овесна каша или чиа пудинг и свежо овошје.
Гранолата е супер опција за почеток на денот. Доколку ја направите дома ќе знаете дека внесувате нутритивно богат и балансиран оброк полн со здрави масти, јаглехидрати и дури и протеини. Ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити до ручекот. Плус какаото е одличен антиоксиданс, ја подобрува работата на срцето и мозокот и придонесува за здравјето на кожата и забите.
Доколку си еден од ретките што се уште ја нема пробано и направено чоколаднава гранола, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи веројатноста и ти да се навлечеш е ГОЛЕМА. Многу е вкусна и навистина лесно се прави. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija…
🍫Чоколадна гранола 🍫 Read More »

















































