🫘 Протеинско лепче од леќа 🫘

Во последно време сè се врти околу протеините – колку да јадеме, како да внесеме повеќе протеини па така дојдов до ова протеинско лепче од леќа. Иако звучи незамисливо – лепче од леќа, сепак е превкусно, се прави многу лесно и трае неколку денови доколку го чувате во сад што добро се затвора со капак (јас го чувам во фрижидер). Можете да го јадете за појадок, ужинка, ручек или вечера, со каква комбинација и да посакате.
Го заслужува името ПРОТЕИНСКО ЛЕПЧЕ
Знаеме дека леќата е добар извор на растителен протеин, а наутот е уште подобар. Во 100 гр. леќа има 9 гр протеин, во 100 гр. наут има 19 гр. протеин, во 1 супена лажица нутритивен квасец има 3,8 гр. протеин, во 1 шоља семки од тиква има 11,8 гр. протеин и во 1 супена лажица семе од коноп има 3,2 гр. протеин и во 1 шоља овесно брашно има 10,6 гр. протеин. И тоа се всушност основните состојки на ова лепче.



Балансирано, нутритивно, вкусно
Ова протеинско лепче од леќа е добро да се најде на вашето дневно мени. А еве и зошто:
😎 Се прави лесно
😍 Потребен ви е само процесор за храна (ќе го направите во 1 сад)
🤩 Состојките се лесни
🥳 Богато е со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси
😋 Многу е вкусно
А еве и неколку идеи како да го искомбинирате:
За појадок
1. Со мојот матено тофу намаз, домат, краставичка и маслинки или печена пиперка,
2. Како додаток на тофу омлет или тофу кајгана
3. Со мојата веганска павлака, спанаќ и мојот вегански пармезан
3. Со мојот сладок протеински намаз и малини
4. Со путер од кикирики и боровници
5. Со мојата домашна нутела и праски
За ручек
1. Со хумус како додаток со мојата грчка салата (или каква било свежа салата)
2. Како додаток на мојата чорба од брокула (или каква било зеленчукова супа/чорба)
3. Со летна манџа или Шакшука
4. Како додаток со мојата чили леќа


Доколку си тип што не може да руча без леб, тогаш пробај го моето протеинско лепче од леќа. Здраво е, полно со протеини и растителни влакна и многу подобра опција од коебило купечко. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🫘 Протеинско лепче од леќа 🫘 Read More »



























































