Овие брзи таан бомбици се навистина супер-брз рецепт за кога немате воопшто време, инспирација или премногу расположливи состојки дома. Се прават навистина лесно (и да, брзо) и се многу вкусни! Не се печат (само се ладат) и стојат во фрижидер неколку денови (доколку не им подлегнете и ги изедете побрзо).
Но, имајте предвид дека иако се многу вкусни и поздрави од купечките десерти, сепак се доста калорични. Па, доколку внимавате на калорискиот внес, моја препорака е да се задржите на само една во денот. Тешко е, знам, но обидете се (јас се трудам) 😃😃
Зошто да ги направите моите брзи таан бомбици
🥰 Причина број 1: Сте погрешиле ли некогаш со некој од моите десерти? Не, епа еве ви една причина!
⏳ Причина број 2: Имате ли часови за да печете торти и колачи? Не, епа еве ви уште една причина!
🥑 Причина број 3: Имате ли секогаш многу намирници за да правите десерти со 10+ состојки? Не, епа еве, уште една причина!
🍡 Причина број 4: Дали е подобро да јадете купечки колачи со процесиран шеќер? Секако дека не, за ова не треба ни да дискутираме, па е уште една причина!
🌰 Причина број 5: Дали секогаш го знаете составот на десертите што ги консумирате? Не, епа составот на овие бомбици го знаете, а богами ќе ги дознаете и сите бенефити, доколку скролнете малку подолу во постов!
Лесно какако 1+1
Блендер/процесор ќе ви треба единствено за да ги сомелете бадемите. Доколку користите готово брашно, или претходно сомелени бадеми, тогаш ви треба само еден подлабок сад. Ги мешате состојките, формирате топчиња и ставате во фрижидер. Да, толку едноставно. Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во овој пост, а кај мене на инстаграм во reels имате и кратко видео од подготовката. И тоа е тоа! Ве чекам со коментари…
Доколку си љубител на десерти што не се печат и доколку сакаш бомбици, ова е уште еден рецепт за тебе! Моите бомбици со таан се супервкусни и суперлесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🍪 Брзи Таан бомбици 🍪
Состојки
Бомбици
- 2 с.л. Кокосово масло растопено
- ½ шоља Таан
- 3 с.л. Јаворов сируп или 2 с.л. потечен мед
- ½ шоља Бадеми, мелени или бадемово брашно
- 3 с.л. Кокосово брашно
- ¼ к.л. Сол
- ¼ к.л. Цимет
- 1 к.л. Ванила екстракт
- 3 с.л. Чоколадни капки или рендано црно чоколадо
Глззура
- 100 гр. Црно чоколадо (80%)
- 1 к.л. кокосово масло растопено
- прстофат сол (опционално)
Инструкции
- Доколку користите бадеми, сомелети ги во брашно. Доколку користите брашно од бадеми, скокнете го овој чекор.
- Додавајте ги состојките за бомбиците во подлабок сад, една по една и промешувајте.
- Формирајте топчиња, наредете ги на чинија врз којашто ќе поставите хартија за печење и ставете ги во фрижидер малку да се стегнат.
- Во меѓувреме растопете го чоколадото.
- Извалкатјте ги (или прелијте ги) бомбиците со растопеното црно чоколадо и вратете ги уште малку во фрижидер да се стврднат.
Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 177,79 kcal
Протеини: 3,7 гр.
Јаглехидрати: 8,35 гр.
Масти: 13,71 гр.
Влакна: 2,99 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
[Поврзано] Таан карамел барови
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .