Marija Marija Marija

🍪 Брзи колачиња со 2 состојки 🍪

Брзи колачиња со 2 состојки

Овие брзи колачиња со 2 состојки се веројатно едни од најубавите колачиња што ќе ги пробате. Имаат само 2 состојки (и уште две за неверојатна арома) се прават во еден сад (блендер), природно се засладени и буквално ги задоволуваат сите услови за епитетот НАЈ. A да, дефинитивно се и едни од најбрзите! Се прават за 15 минути, а се јадат уште побрзо…

Како за 15 минути?

  • Киснење на урми: 5 мин
  • Правење смеса: 1 мин
  • Формирање колачиња: 1 мин
  • Печење: 8 мин

And just like that… имате брз, едноставен и многу вкусен (а и многу поздрав) десерт.

Целиот рецепт (не дека е којзнае колав) е подолу во оваа објава, а имате и видео од подготовката кај мене на инстаграм во reels

Зошто да ги направиш овие брзи колачиња со 2 состојки?

Хахаха.. Какво е ова прашање! Превкусни се! Ама пре-препревкусни! Плус се многу поздрави од кое било друго колаче што ќе го купите. И се прават ултра брзо. Е ама имаат една маана. Толку се вкусни што се јадат многу брзо 🙂

Многумина веќе ги пробаа, но доколку си еден од оние што се уште ги нема направено овие љубовни колачиња со таан, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍪 Брзи колачиња со 2 состојки 🍪

Време на подготовка7 minutes
Време на готвење8 minutes
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна / блендер

Состојки

  • 1 шоља бадемово брашно
  • 6 урми, поголеми без семка
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • ½ к.л. Цимет
  • 50 гр. Црно Чоколадо, растопено опционално

Инструкции

  • Ги вадите семките од урмите, ги ставете во подлабок сад и ги поливате со зовриена вода.
  • Ги оставате да стојат во врелата вода а потоа ги ставате во процесор или блендер заедно со останатите состојки.
  • Блендате додека да се направи лепливо тесто (ќе се формира топка).
  • Доколку тестото е многу суво, додадете малце од водата во која киснеа урмите. Доколку е многу лепливо, додадете малце брашно.
  • Формирајте топчиња, наредете ги на тава за печење обложена со хартија за печење и притиснете да формирате колачиња.
  • Колачињата нема да се дигнат, што значи формата што ќе на направите ќе биде нивната конечна форма.
  • Печете 8 минути, во претходно загреана рерна на 170. (Максимум до 13 минути, зависно од рерната, внимателно да не ги изгорите)
  • Послучете ги полиени со топло чоколадо или без додатоци.

Вкупно парчиња: 8
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 135.86 kcal.
Протеини: 4,1 гр.
Јаглехидрати: 13.47 гр,
Масти: 7.06 гр.
Влакна: 2,6 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

[Поврзано] Колачиња од урми


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .